Свежи фотографии од новиот Нисан „Juke“

Свежи фотографии од Нисановиот кросевер пристигнаа од меѓународната презентација одржана во Барселона.

Нисан кон почетокот на септември ја претстави втората генерација од моделот „Juke“, а еден месец подоцна во склоп со промоцијата, јапонскиот произведувач објави фотографии од овој модел.

Потсетуваме, новиот модел е поголем од претходниот- должината на возилото е 4.210мм, ширината 1.800мм а висината 1.595мм. Тоа најмногу ќе им се допадне на патниците на задните седишта кои ќе добијат повеќе простор.

На почетокот купувачите ќе можат да го купат овој модел само со еден мотор во понудата, во прашање е 3 цилиндарски 1.0 литарски турбо- бензин мотор со 117 коњски сили во комбинација со 6 степен мануелен или 7 степен автоматски менувач со двојно квачило. Погонот на предните тркала е стандарден а достапна е и опција со погона на 4 тркала.

Еве како овој автомобил изгледа од сите агли:

притисни ентер