VW го претстави новото лого за своите спортски модели

Германскиот произведувач го откри новиот дизајн на ознаката која ќе ја носат спортските „R“ автомобили.

Откако на почетокот на септември „VW“ го претстави редизајнираното лого на својот бренд, на ред дојде и рестилизација на останатите ознаки кои ги користат на своите возила. Меѓу нив е и чуената ознака „R“ која ги краси само оние најјаки и спортски модели.

Германскиот произведувач вели дека редизајнираната ознака е помодерна, поистакната и поелегантна од претходната која можевме да ја видиме на „Golf R“ или на некои од постарите модели како што се „Scirocco R“, „Passat R36“ или „Touareg R50“.

Оваа компанија во моментов има само два „R“ модела, споменатиот „Golf R“ и „T-Roc R“.

Од „VW“ соопштуваат дека ова лого ќе дебитира на 11-ти октомври кога ќе виде претставен „Atlas Cross Sport R-Line“ за американскиот пазар.

Брат и направи матурски фустан на својата сестра , родителите немале пари за да и го купат (ФОТО)

Родителите на матурантката Лу Аси немале пари да и купат матурски фустан, но нејзиниот брат Маверик доби генијална идеја. Тој реши да и помогне на својата сестра и сам да го дизајнира и да го шие фустанот.

Откако ја направил скицата, Маверик ги купил сите материјали со финансиска помош на хумани луѓе, па дури и рачно ги насликал деталите на фустанот. Тој работел две недели на фустанот, а кога конечно завршил, неговата работа остава без здив.

Лу, со голема сина наметка и круна на главата, изгледа како вистинска принцеза, а на матурата ги намами погледите на сите гости. Вистинскиот пример за братска љубов беше дополнително зајакнат со фактот дека матурата се одржа на Денот на вљубените.

Маверик го сподели со своите пријатели на Фејсбук целото искуство, па дури и ги постави сите фотографии што ги направил додека работел на фустанот. Иако многумина мислеле дека Маверик учи шиење, тој ги изненади сите кога откри дека е обичен студент по уметност и култура.

„Сестра ти е вистински среќник“, „Ти си иден моден дизајнер“, „Ова е вистинска љeубов“, се само неколку од коментарите оставени под објавата на Маверик.

Лу сепак не успеа да ја освои наградата за најдобар фустан на матурската, но таа вечер сигурно ќе и остане во најубаво сеќавање.

Се обиделе да украдат два луксузни Ламборџини од салон, не стигнале далеку (ФОТО)

Полициската патрола била малку изненадена кога во раните утрински часови ги виделе двата нови теренски автомобили „Ламборџини“ оставени на крстосница, целосно уништени. 

Во 3:05 часот, аларм се вклучил во салонот на Ламборџини во предградие на Бостон. Една минута подоцна, започнала полициската потера , а наскоро двата скапи автомобила и еден „Шевролет“ биле забележани напуштени на блиската раскрсница. Се разбира, полицијата се обидела да ги сопре автомобилите, но возачите побегнале.

Над 600 КС, моќните Уруси се пеколна машина, па возачите им избегале на полицајците со голема брзина. Возачот на „Шевролет“ кој беше во близина на едниот Урус се предаде веднаш. Се испостави дека и тој бил крадец, но неговиот вкус бил далеку поскромен.

Пет часа подоцна, полицијата на 40 километри оддалеченост од салонот во Малден објави дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувале двата автомобила Ламборџини. Тие се забиле еден на друг и еден од возачите веднаш бил уапсен. По вториот  сеуште се трага. Материјалната штета е голема.

Пенс: Со сите потребни средства НАСА да стигне на Марс и на Месечината

НАСА треба да соработува со приватниот сектор, истакна потпретседателот Мајк Пенс во обраќањето за целите на американската вселенска програма.

Враќањето на американски астронаути на Месечината во 2024 година, а потоа испраќање пионери на Марс следната деценија, останува главен приоритет за администрацијата на Трамп, истакна потпретседателот Мајк Пенс.

„Претседателот јасно стави до знаење дека ние ќе ја постигнеме оваа цел со сите неопходни средства“, рече Пенс за време на говорот пред вработените во истражувачкиот центар на НАСА во Лангли, Вирџинија.

„За да успееме, ние ќе продолжиме да се фокусираме на мисијата“, додаде Пенс, кој исто така претседава со Националниот совет за вселенска политика.

Во декември 2017 година, претседателот Доналд Трамп ја потпиша Директивата за вселенска политика-1, која официјално и наложи на НАСА да работи кон враќање на луѓето на Месечината за прв пат по 1972 година и да го искористи најблискиот сосед на Земјата како отскочна даска до Марс.

Оригиналниот временски распоред беше насочен кон 2028 година за враќање на Месечината, каде би требало д азаминат двајца астронаути, вклучувајќи го и првиот женски претставник, до лунарниот јужен пол. Но, во март минатата година, Пенс најави значително забрзување, насочувајќи ја НАСА да ја има за цел 2024 наместо 2028.

Агенцијата исто така работи кон амбициозни временски рамки. На пример, НАСА има за цел да воспостави одржливо, долгорочно човечко присуство на и околу Месечината до крајот на 2020-тите и да стапне на Марс некаде во 20-тите години на 21. век.

притисни ентер