Фото: Порше 911 кабриолет добива жестока конкуренција

Британскиот произведувач на премиум спортски автомобили Астон Мартин претстави кабриолет верзија од моделот „Vantage“.

Новиот „Vantage“ изгледа феноменално, па нема сомнеж дека ќе претставува огромна конкуренција за Порше 911 кабриолет кога ќе се најде во продажба во 2020.

Дизајнерите на Астон Мартин успеале да ги задржат дивите линии на стандардниот модел и да го претворат во кабрио изведба.

Сепак, заради електричниот механизам за собирање на кровот и додатното зајакнување, кабриолетот ќе има послаби перформанси од стандардниот модел.

Потсетуваме. „Vantage“ купето е тешко 1.530 килограми и од 0 до 100 км/ч развива за 3,5 секунди, додека максималната брзина е 315 км/ч.

Губитокот на перформанси ќе биде компензиран со прекрасното чувство на возење во кабриолет и подобро слушање на „AMG“ моторот.

Под хаубата се наоѓа 4.0 литарски V8 Мерцедес мотор со 503 коњски сили.

Астон Мартин се уште ја нема соопштено цената за овој модел но се очекува да биде повисока од стандардната купе изведба 

притисни ентер