„Политизација на пејзажот" – предавање на Марк Басин

 Во Музејот на современата уметност во Скопје, вечерва во 19:00 часот, предавање ќе одржи Марк Басин, професор на Универзитетот „Содерторн" во Стокхолм и визитинг професор на Универзитетот „Упсала", како и соработник на Шведскиот институт.

Истражувачките интереси на Басин се однесуваат на историјата на идеологијата, културата и политичката географија.

– Предавањето со наслов „Политизација на пејсажот" се однесува на семантичките потенцијали на уметничкото прикажување на природата за време на Соцреализмот во Русија. Ова подразбира дека покрај темите на индустриската обнова и општествена трансформција, природата претставува една од главните перокупации на уметниците, особено во периодот од 1930-тите до раните 1950-ти, кога „Сталинистичката политичка естетика" тврди дека политичките и општествените вредности можат да се пренесат преку сликите на пејзажот, се наведува за предавањето на Басин.

Неофицијална средба на Нуредини со Јоханес Хан

Неофицијална средба на министерот Нуредини со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан.

Министерот Нуредини имаше неофицијална средба со еврокомесарот Јоханес Хан, при што му беше пренесено дека Република Македонија ги исполнила сите очекувани барања за датум за преговори со ЕУ. Тој порача и понатаму да го задржиме позитивниот дух и со крената глава да продолжиме по патот на кој што сме. Хан ја нагласи неговата непоколеблива поддршка во реализацијата на нашите цели за влез во ЕУ, а очекувањата да ги реализираме во најскоро време.

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев веднаш да си поднесе неотповиклива оставка

„Доста беа лаги, доста манипулации. Зоран Заев веднаш да си поднесе неотповиклива оставка. “

Европа кажа не на криминалот и корупцијата, кажа не на рекетот. Европа му кажа не на Зоран Заев, а жртва за жал се граѓаните и Република Македонија. Овој пораз е единствено на сметка на Зоран Заев и погубните политики на СДСМ, а не на македонскиот народ и граѓаните на Македонија.

Нашиот народ живее тешко, над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, криминалот царува во Македонија, а на чело на криминално рекетарската банда сместена на Илинденска б.б. е аболицираниот Заев. Како што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ, откажувањето од името, идентитетот, јазикот и историјата не се европски вредности, без реформи европската перспектива за Македонија е само мисловна именка.

Потребни се реформи кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предложи во најкус можен период. Доаѓа обновата на Македонија и крај на криминалната банда која ја корумпираше секоја пора на македонското општество.

Заев е во паника и единствено го одложува неизбежниот крај на неговата трагична политичка кариера во која донесе само порази за македонската држава и македонскиот народ. Заев се плаши само од едно нешто, тој се плаши поради тоа што ќе мора да плати за се што стори. Се плаши бидејќи ќе одговора за лоповлукот, корупцијата, рекетот, криминалните тендери и грантови на штета на македонскиот народ. Крајот е близу, време е за обнова, време е за предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните на Република Македонија ќе кажат доста е од корумпирани политичари за кои синоним е Зоран Заев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE 

Премиерот Заев ќе се обрати до јавноста

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска ќе се обрати до граѓаните и медиумите и ќе одржи прес-конференција.

Откако на самитот во Брисел Македонија не доби датум за старт на преговори како што беше очекувано, денес по повод тоа премиерот Заев ќе се обрати до јавноста

Обраќањето ќе се одржи во Медија центарот на Владата со почеток во 12:00 часот.

Обраќањето ќе може да го проследите на Канал 5 телевизија.

притисни ентер