Бузалковски по страшен пад на квалификациите, успеа да дојде до уште една пол позиција и победа

Викендов во Плевен Бугарија се возеше последната трка од БМУ Европскиот Шампионат во брзински моторциклизам.

На последната трка од БМУ Шампионатот нашиот најмлад натпреварувач Христијан Бузалковски (71 ТЕАМ) успеа уште еднаш да дојде до пол позиција и победа во класата до 600 кубни сантиметри.

Но викеднов беше многу поразлично од останатите трки,Бузалковски на првите квалификации во саботата,во првиот круг доживеа тежок пад при што беше катапултиран од моторот,и заврши во болница.

Но падот не го спречи младиот возач по 3 часа повторно да седна на моторот и да доминира во трката и на крајот да мине прв низ целта.

Австралиската полиција соопшти дека нападот во црквата во Сиднеј е терористички акт

Австралиската полиција денеска соопшти дека вчерашниот напад со нож, за време на црковна служба во близина на Сиднеј, ќе се третира како терористички акт.

Полицијата вчера уапси 15-годишно момче откако во асирската црква во Вејкли, околу 30 километри западно од Сиднеј, избоде со нож четири лица, меѓу кои и епископот на црквата. Повредените, меѓу кои е и напаѓачот се здобиле со полесни повреди.

Нападот се случи за време на проповед што се емитувала во живо на интернет.

Тоа е втор напад со нож во Сиднеј во изминатите денови. На 13 април со нож беа усмртени шест лица во трговскиот центар „Вестфилд бондаи џанкшн“ (Westfield Bondi Junction) во Сиднеј. Напаѓачот беше застрелан од полицијата. Инцидентот не е означен како терористички акт.

„Алкалоид“ ќе донира „Омепразол“ во течна форма на Детската клиника и болницата во Козле

На ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, „Алкалоид“ ќе им донира од иновативниот лек „Омепразол“ во течна форма – готов за употреба. 

Детали за донацијата, компанијата ќе соопшти денеска, на прес-конференција на Медицинскиот факултет при УКИМ.

За иновативниот лек „Омепразол“ во течна форма, „Алкалоид“ АД Скопје неодамна го доби првиот интернационален патент за лек со додадена вредност.

- Поаѓајќи од нашиот врвен приоритет „Луѓето и здравјето пред сè“, во рамките на компаниската мисија за поздрав живот на секој поединец, потребните количини од овој уникатен и премиум производ ќе им бидат донирани на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, со цел олеснување на пристапот до соодветен третман во овој дел кај детската популација, велат од компанијата.

Санкционирани 188 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 188 мерки, меѓу кои 25 за возење повеќе од дозволената брзина.

Како што соопшти МВР, изречени се и 17 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните на почитување на сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

притисни ентер