Кинески атлетичарки на СП трчаа штафета во спротивна насока (ВИДЕО)

Кинеската женска штафета стана хит на социјалните мрежи по неверојатната грешка во финалната трка на 4x100 метри на Светското првенство во Доха.

Кинеските атлетичарки направија грешка во последната измена затоа што не ја сменија штафетата во одредениот дел од патеката, а потоа следеше хаос. Кога сфатија дека не ја смениле палката на време, атлетичарките трчаа десетина метри наназад за да ја сменат палката на вистинскиот простор.

Но, тогаш сфатија дека мора да се вратат на почетокот на просторот , што ги збуни затоа што веќе не знаеја која девојка треба да биде пред кого за да ја земе палката. Тие застанаа на патеката, разговараа што да прават, се вратија неколку метри назад и конечно ја предадоа палката.

Девојката која ја понесе повторно застана и ги праша другите што да прави, а тие и рекоа да трча. Кинезите не се откажаа затоа што сакаа да ја завршат трката со цел да се квалификуваат за на Олимпијадата. Но, во целиот овој хаос, тие не ја донесоа палката до крај и беа дисквалификувани.

Со огнен спектакл во Мадрид, навивачите на Атлетико го пречекаа Ливерпул (ВИДЕО)

Вечерва во 21:00 почна натпреварот во осмина финалето на Лигата на шампионите меѓу актуелниот европски шампион Ливерпул и домаќинот Атлетико во Мадрид на стадионот Ванда Метрополитано.

Навивачите на Ливерпул навиваа и пееја цел ден по улиците на Мадрид, а се проценува дека за овој натпревар пристигнале нешто повеќе од пет илјади.

Сепак, најголемото шоу на вечерта беше на домашните навивачи на Атлетико Мадрид, кои го пречекаа автобусот со своите играчи со спектакл од запалени факели пред да пристигнат на стадионот.

Видео: Ѓоковиќ ги воодушеви соседите, пред зграда играше тенис со децата!!

Новак Џоковиќ ја воодушеви јавноста

Тој ја воодушеви јавноста откако во понеделник навечер излегол пред зградата во која живее во Белград и заиграл тенис со децата од соседството.

По освојувањето на Австралија Опен и настапот на фестивалот Сан Ремо, Ѓоковиќ пристигнал во својот стан во Белград.

Големиот спортист и покрај многуте ангажмани не можел да остане нем на повиците од децата од соседството за партија тенис пред зграда.

Популарниот Ноле го прифатил предизвикот излегол пред зграда и со децата одиграл партија тенис во двојки.  

Секако овој меч не можел да остане не забележан од соседите.

Истата вечер Ноле направи шоу со сопругата Јелена по една театарска претстава.

Тие излегле на свет и ја запеале славната песна на групата „Идоли“, „Чоколада“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

With our NDF team, donors and friends we celebrated giving, supporting kids and love. Novak and I were invited on stage to sing and.... we had fun! We are sharing with you our joy and love and invite you to join our community at @novakfoundation ❤️ @djokernole did well, I guess Sanremo was a majestic spring board for his music career 🥰🙈🎤🎼🎧 Večeras smo slavili ljubav, dobročiniteljstvo i mlade ljude, buduće lidere naše zemlje uz divnu predstavu u Ateljeu 212 “Brod plovi” sa našim porodicama, prijateljima i donatorima @novakfoundation . Pozvali su nas na binu i izazvali da pevamo. Novaku je dobro dosla priprema na Sanremu 🏆 a ja....pa ja prosto nemam opravdanje 🎧🙉🤣

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf) on

Меси и Хамилтон ја поделија наградата ,,Спортист на годината”

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси и британскиот возач на Формула 1, Луис Хамилтон ја поделија наградата Спортист на годината.

За прв пат во историјата, наградата Лореус ја делат двајца спортисти.

Исто така, Лионел Меси е првиот фудбалер на Лореус во историјата.

Аргентинецот имаше фантастична индивидуална сезона со Барселона и заслужено стана првиот фудбалер од 1999 година кој е добитник на наградата Спортист на годината.

Сепак, тој мораше да ја сподели со шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, кој е третиот возач во Формула 1 што го доби ова признание.

Пред него, оваа награда им припадна на Мајкл Шумахер и на Себастијан Фетел.

притисни ентер