Со претставата „Ниту ваму, ниту таму" отворен фестивалот „Албански театар во Македонија"

Во Центарот за култура во Дебар синоќа свечено беше отворено 18-то издание на фестивалот ,,Албански театар во Македонија".

Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот Хекуран Дука, а честа први да се претстават пред дебарската публика им припадна на членовите на кумановскиот театар-албанска драма со претставата „Ниту ваму, ниту таму" во драматизација на Илир Ајдини а во режија на Кастриот Абдили.

-Чест ми е да ја прогласам за отворена оваа значајна манифестација,по која е препознатлив нашиот град, чии граѓани знаат да препознаат што значи добра претстава и соодветно да ја наградат. Дебар и сите ние, неговите граѓани, се гордееме што сме домаќини на познати театарски куќи. Ветувам дека како локална власт ќе продолжиме,во рамки на нашите можности, да го подржуваме одржувањето на фестивалот,рече меѓу другото Дука.

Поздравајќи ја публиката и гостите од неколку градови од земјава, како и од пограничниот албански град Пешкопеа, директорот на фестивалот Илбер Нуредини најави дека во следните фестивалски денови ќе се претстават театри од Тетово, Ѓирокастро, Урошевац, Прешево, Гњилане и Приштина.

-И ова издание е подржано од страна на Министерството за култура на Македонија со 600 илјади денари,но без подршка на локалната власт и спонзорите тешко дека можеше да се реализира во целина. И вечерва од тука го повторувам барањето до Министерството за култура фестивалот да биде институциоонализиран и да добива доволно средства за негово одржување, рече Нуредини.

Фестивалот завршува на 11 октомври кога пред доделувањето на наградите за најдобра претстава, режија, актер и актерка, пред дебрани, вон конкуренција ќе настапи косовскиот националнен театар со претствата „Корчарски карневали" во режија на Алтин Баша.

Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, што тој им го врачи, со што се отвора патот за закажување на вонредни парламентарни избори.

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претседателот Радев сега мора да одреди датум за предвремени парламентарни избори, откако три мандати за формирање влада му беа вратени.

Кина официјално ги укина царините за австралиското вино

Кинеското Министерство за трговија денеска соопшти дека ги укина тарифите за австралиското вино кои важеа повеќе од три години.

Одлуката за укинување на царините стапува на сила утре, се вели во соопштението на кинеското Министерство.

Кина воведе тарифи за австралиското вино во 2020 година за време на дипломатски препирки меѓу Канбера и Пекинг, а во еден момент тие нагло се зголемија над 200 отсто.

Австралиските производители на вино со тоа беа тешко погодени бидејќи Кина беше најголемата извозна дестинација на Австралија.

Во 2020 година, Пекинг воведе серија санкции за австралиските стоки, за кои се проценува дека ја чинеле австралиската економија повеќе од 12 милијарди евра.

Повеќето од гореспоменатите санкции оттогаш се укинати бидејќи односите меѓу двете земји се подобрија.

Кривична пријава за узурпација на земјиште кај цветен пазар зад поликлиниката Бит пазар

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело  „узурпација на недвижности“, соопшти МВР.

А.Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, подолг временски период противправно завладеал имот сопственост на државата и го ставил во владение на своето правно лице. А.Р. имотот кој се наоѓа веднаш до цветниот пазар позади поликлиниката Бит Пазар во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез-излез и за секој влез- излез наплаќал соодветен паричен надомест. На тој начин го оневозможил слободното движење и користење на просторот од страна на граѓаните и институциите.

притисни ентер