Неверојатно откритие : Човечкиот фетус има мускули како на гуштерите

За време на раниот развој на човечкиот фетус, во мускулите се присутни таканаречени атавистички мускули , кои се губат со раѓање на бебето , покажа студијата на американските научници , објавена во списанието Development.

Фасцинира тоа што некои од овие мускули исчезнале кај нашите предци пред повеќе од 250 милиони години за време на еволуцијата на синаптичките влекачи во цицачи. Со други зборови, во раниот развој на човечкиот фетус присутни се мускули на влекачи, како и на ежови.

Користејќи ги напредните техники за 3D слики, научниците успеаја со голема резолуција да го покажат раниот раст на екстремитетите. Сликите што ги направија покажуваат преодно присуство на неколку атавистички мускули.

Така, од 30-те мускули во раката и стапалото, формирани околу седмата недела од бременоста, една третина или се задржала  или исчезнала за околу 13 недели од бременоста.

- Она што е интересно е што забележавме различни мускули кои никогаш не биле опишани во пренаталниот развој на човекот.

Ние видовме некои од овие атавистички мускули дури и кај фетуси стари 11,5 недели, што е доста доцна - рече авторот на студијата Руи Диго, еволутивен биолог од универзитетот Хауард во Вашингтон.

- Интересно е што, некои од овие атавистички мускули ретко се среќаваат кај возрасни, или како анатомски варијации без забележителен ефект врз здравата личност или како резултат на вродени малформации, што дава фасцинантен, моќен пример за еволуцијата- додаде Диого.

Кога во 1859 година го објави своето дело , „Настанување на видовите со природна селекција“, Чарлс Дарвин опиша некои од атавистичките органи.

Дарвин , на пример , верувал дека слепото црево е товар што сме го наследиле од нашите предци, кои го користеле тој орган за специјални процеси што помагаат во варењето на храната. Но, кај современите луѓе, слепото црево нема никаква функција освен тоа што неговото воспаление може да предизвика смрт.

Покрај тоа, еден од атавистичките органи е опашната коска или тртката, остаток од далечното еволутивно минато кога нашите предци имале опашка. Покрај тоа што служат како доказ дека човекот еволуирал од примати, тие немаат друга функција.

притисни ентер