Ние и вие

Од понеделник до четврток со почеток во 10 часот Ве очекуваме, да бидеме ние и вие заедно, во нашата програма „Ние и вие“. 

Ќе готвиме споделувајќи ги најдобрите рецепти на нашите домаќини заедно со Ване Маркоски во „Мојот најдобар рецепт“ (во 10:05 и 11:10). Ќе се грижиме за вашето здравје заедно со Билјана Дебарлиева и докторите кои ги каниме кај нас на „Визита“ (во 10:20).  Милена Антовска Станковска и Јелена Спенџарска во „Пола саат“ (во 11:30)  и „Јасно и гласно“  (во 12:00)  заедно со гостите ќе ве информираат, ќе ве советуваат, ќе коментираат и јасно и гласно ќе зборуваат за проблемите, очекувајќи секогаш да ни се придружите.

НИЕ И ВИЕ, кај нас и кај вас, да се дружиме, да си помагаме, да се информираме, да се советуваме, да се забавуваме... Бидете со нас! „Ние и вие“ од понеделник до четврток во 10 часот само на Канал 5 телевизија.

притисни ентер