Заев по средбата со Помпео : Членството во НАТО е наша историска цел

Државниот секретар на САД Мајк Помпео, кој со висока државна делегација денеска е во официјална посета на Република Северна Македонија, во хотелот „Инекс Олгица" одржа средба со премиерот Зоран Заев.

По средбата со Помперо , премиерот Заев изјави дека за неколку дена од Брисел очекува добра вест , што ќе биде добро и за безбедноста во регионот. Северна Макеоднија заслужува да добие датум за преговори. Стабилен балкански регион е во интерес на ЕУ и оваа посета на државниот секретар Помпео е од огромно значење за нас, рече Заев на прес конференцијата.

,,САД се докажан пријател на Северна Македонија. Покрај силната политичка поддршка од независноста до денес, имаме добиено силна поддршка и преку УСАИД за развој на демократијата, институциите и за подобрување на животот на нашите граѓани. Американскиот народ е пријател на македонскиот народ, и на сите народи коишто живеат во нашата земја.” , напиша претходно премиерот Заев на ФБ.

Авионот „Air Force 2" на државниот секретар попладнево слета на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле", каде во чест на високиот американски државник беше подготвен свечен пречек со гарда и највисоки државни почести.

Добредојде на Помпео и неговата сопруга во Охрид им посака македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров со сопругата. Веднаш потоа американската делегација во која уште е и заменик-помошник на заменикот државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и поранешен амбасадор во Скопје Филип Рикер, замина кон вилата „Билјана" на средба со Пендаровски.

Протоколот на посетата на Помпео на земјата предвидува по средбите да бидат дадени изјави за медиумите за текот на денешните разговори, а потоа државниот секретар Помпео ќе ја посети и црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид, што беше реконстуирана и конзервиран фрескоживописот средства озбезбедени преку УСАИД од американските даноќчни обврзници.

Терзиќ се надева на прекинување на црната серија против Баерн Минхен

Борусија Дортмунд сака да ја прекине лошата серија од 9 последователни порази против Баерн Минхен во Бундеслигата кога тимот викендов ќе гостува на „Алијанц Арената“.

-Време е. Наша цел е да одиме во Минхен и конечно да заминеме како победници, изјави тренерот на тимот Един Терзиќ.

„Жолто-црните примија 37 гола на тие 9 натпревари и немаат победа во првенството од 2018 година, а есента загубија на домашен терен со 0:4.

-Влегуваме во последниот и највозбудлив дел од сезоната. Подготвени сме да покажеме дека сме способни за се за да ги оствариме нашите цели, додаде Терзиќ.

Иако Баерн, кој 11 пати по ред е шампион во Германија, нема најдобра сезона, „против нас секогаш го покажуваат најдоброто“, истакна тренерот на Борусија.

Екипата на Дортмунд за утрешниот меч ќе биде без суспендираниот играч за врска Марсел Забицер, повредениот бек Рами Бенсебаини и голманот Грегор Кобел кој има стомачен вирус. /МИА

Велигденска честитка на Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх

„Не е овде! Воскресна! Еве го местото каде што го положија“ (Марко 16,6)

Со овие едноставни зборови, евангелистот Марко опишува како жените, во раните утрински часови, на првиот ден од седмицата, го откриле празниот гроб. Жените со страв го напуштаат местото, иако требало да знаат дека одамна пророците го објавиле настанот на Исусовото воскресение.

Но, како се случи тоа? Само три дена пред Исусовото воскресение, Петар се одрекол од Него. Три пати рекол дека не го познава човекот кој тврди дека е Месија, Спасител. Петар уште немаше сила да посведочи за Христа. А учениците кои после Исусовата смрт на крстот отидоа од Ерусалим во Емаус, го препознале дури кога го прекршил лебот за да јаде заедно со нив.

Учениците кои речиси три години го следеле Исуса, го слушале и ги гледале чудата што ги правел, не можеле веднаш да поверуваат. Уште еднаш требало да поминат низ школата на верата за да ја примат на крајот силата на Светиот Дух, со што ќе се ослободат од својата плашливост и ќе излезат од своето скривалиште и јавно ќе зборуваат за големите Божји дела. На крајот, ги положија своите животи за верата, а во служба на Радосната вест. Силата што ја примија ги одржуваше и ги поддржуваше, да не се плашат повеќе, туку да можат смело да сведочат за Христос, Спасителот на луѓето, кој умре со страшна смрт на крстот и кој воскресна. По воскресението, прво им се јави на учениците свои, а по четириесет дена се вознесе на небото и седна оддесно на Отецот, од каде пак ќе дојде во слава и ќе им суди на живите и мртвите. Оваа велигденска порака ни е предадена во Евангелијата и оттогаш таа се објавува, пренесува, објаснува и постојано се толкува веќе две илјади години.

Денес веќе не гледаме празен гроб на чија порака би можеле да и веруваме. Разните привлечни туристички аранжмани за велигденските празници ја одредуваат сликата за Велигден. Затоа не е лесно да ги откриеме трагите на воскресението во секојдневниот живот. Но, да се потсетиме дека ни учениците од Емаус не можеа да го препознаат Исуса додека беа со него на пат, затоа што очите им беа замрежила и го сметаа за туѓинец, но нивните срца гореа додека тој им го толкуваше Писмото. Го препознале во кршењето на лебот. Господ нека го разгори и нашето срце кога го читаме и слушаме словото Божјо за да можеме да го препознаеме воскреснатиот Христос на секое евхаристиско славење кога молиме: „Господи, Твојата смрт ја навестуваме, Твоето воскресение го славиме, Твоето славно доаѓање го очекуваме!“

На сите Ви посакувам Честит празник Воскресение Христово - Велигден!

Христос воскресе! Навистина воскресе!

Рашфорд може да го пропушти ЕП 2024

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да го пропушти Европското првенство во 2024 година, пишува „Телеграф“.

Според изворот на изданието, на селекторот на Англија, Герет Саутгеј не му се допаднал настапот на играчот.

За да добие место во формацијата на „трите лава“, фудбалерот мора да покаже подогри игри на претстојните натпревари.

Оваа сезона 26-годишниот Рашфорд одигра 35 натпревари, постигна 8 голови и 6 асистенции.

Словенија, Данска и Србија ќе играат против Англија во групната фаза на ЕП 2024. /МИА

притисни ентер