Во тек средба на државниот секретар на САД Помпео со претседателот Пендаровски

Државниот секретар на САД Мајк Помпео, кој со висока државна делегација пред малку пристигна во официјална посета на Република Северна Македонија, во моментов одржува средба со претседателот Стево Пендаровски.

Авионот „Air Force 2" на државниот секретар слета на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле", каде во чест на високиот американски државник беше подготвен свечен дочек со гарда и највисоки државни почести.

Добредојде на Помпео и неговата сопруга во Охрид им посака македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров со сопругата. Веднаш потоа американската делегација во која уште е и заменик-помошник на заменикот државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и поранешен амбасадор во Скопје Филип Рикер, замина кон вилата „Билјана" каде има средба со претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.

Веднаш потоа, државниот секретар на САД ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев во хотелот „Инекс".

Протоколот на посетата на Помпео на земјата предвидува после средбите да бидат дадени изјави за медиумите за текот на денешните разговори, а потоа државниот секретар Помпео ќе ја посети и црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид, што беше реконстуирана и конзервиран фрескоживописот средства озбезбедени преку УСАИД од американските даноќчни обврзници.

Инаку, градот Охрид денеска живее во исклучителни безбедносни мерки, обезбедени се не само трасата каде ќе минува делегацијата, туку и во длабочина денови наназад беа контролирани сите пристапни патишта кон трасата, а беа проверувани и запишувани возилата што деновиве се движеа низ градот. Самата траса каде ќе минува делегацијата е целосно затворена за сообраќај, отстранети си лежечките полицајци од коловозот, а отстранети беа и сите контејнери за отпад. Сите општински јавни претпријатија и институции беа мобилизирани за посетата, за што поуреден да биде градот за време на посетата на високата американска државна делегација.

Инаку Охрид и Македонија е четвртата етапа од мини-балканската турнеја на американскиот државен секретар. Тој во Македонија допатува од Црна Гора, а претходно беше во посета на Италија и на Ватикан. Од Охрид попладнево Помпео е предвидено да отпатува во официјална посета на соеедна Република Грција.

Нејмар подготвува фудбалски „земјотрес“ – ќе ги остави арапските пари за враќање во Барса

Нејмар пред седум години ја напушти Барселона во трансфер кој и денес е рекордно висок, а според шпанските медиуми се чини дека би можел да се врати на „Камп Ноу“.

Имено, Барселона во 2017 година го продаде Бразилецот на ПСЖ за 222 милиони евра, а минатата година тој се пресели во Ал Хилал од Саудиска Арабија за 90 милиони евра, каде што игра за плата од 150-160 милиони евра по сезона. Тој моментално се опоравува од скинати предни вкрстени лигаменти на левото колено.

Тој одигра само пет натпревари за Ал Хилал, постигна еден и асистираше три гола, пред да заработи повреда во квалификациите за Светското првенство во Бразил во 2026 година на гостувањето кај Уругвај во октомври минатата година. Откако беше обелоденето дека нема да може да игра до крајот на сезоната, реагираше Ал Хилал кој го симна од списокот на пријавени играчи за да направи место за уште еден странец во нивниот ростер.

Шпанските медиуми сега пишуваат дека 32-годишниот бразилски напаѓач е во контакт со претседателот на Барселона, Жоан Лапорте и дека овие контакти резултирале со желба да се врати. Играјќи за Барса, Нејмар освои осум трофеи, од кои еден за најдобриот тим во Лигата на шампионите и два за најдобриот во шпанското првенство. Вкупно за Барселона одигра 186 натпревари со учинок од 105 гола и 76 асистенции.

Според Шпанците, пореално е да се очекува евентуалното враќање на Нејмар во Барса во летото 2025 година, кога му истекува договорот, отколку сега. Причината се финансиските проблеми во каталонскиот клуб, кој исто така сака да види колку Нејмар е физички подготвен за напори во Ла Лига и Лигата на шампионите. Исто така, останува да се види за која плата би бил подготвен да игра Нејмар во евентуалниот втор мандат во Барса.

ВМРО-ДПМНЕ на Извршен и Централен ги утврдува пратеничките листи

ВМРО-ДПМНЕ одржува седници на Извршниот и Централниот Комитет на кои треба да ги утврди целосните пратенички листи, откако претходно ги обелодени носителите во сите шест изборни единици.

Од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ја вклучуваме Михаела Димовска..

Михаела познати ли се веќе кандидатите за идни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ?

Ахмети и Османовска го потпишаа коалицискиот договор за приклучување на Унија на Ромите

Претседателката на Унија на Ромите, Фатима Османовска и лидерот на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети, денеска во општина Шуто Оризари го потпишаа коалицискиот договор за приклучување на Унија на Ромите кон Европскиот фронт.

Османовска порача дека Ромите ќе влезат во Европската Унија како рамноправни со сите граѓани, бидејќи како што рече, ромската заедница има високо образовен и стручен кадар, како и ромска политичка партија, за која рече, обединува и организира.

- Како заедница со децении наназад молиме за да се створи шанса за нас, ни велеа немате образовен кадар, немате политичка моќ, не сте организирани. Еве сме сега со високо образовен и стручен кадар со ромска политичка партија која што обединува и организира. Застанати пред европската врата, Ромите ќе влезат во ЕУ како рамноправни со сите граѓани, порача Османовска.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во своето обраќање истакна дека големо достигнување е тоа што Општина Шуто Оризари е единствената општина на ромска заедница во Европа и ѝ укажа на Османовска дека ја има поддршката од Албанците, бидејќи како што рече, тие знаат како е да се биде маргинализиран.

– Претседателке вие нема потреба да поставувате барања, нашата поддршка несомнено ја имате, ние знаеме како е да се биде маргинализиран и затоа ќе се залагам повеќе за вас отколку за мене. Со целосна одговорност ви ветувам, пробајте нѐ да видите какви партнери сме, не со зборови, туку со дела. Нашата земја мора да се интегрира во ЕУ и да има владеење на правото, а тоа заедно како Европски фронт мора тоа да го постигнеме. ДУИ ќе направи сѐ што е потребно за во Собранието да има ромска претставничка, порача Ахмети.

На прес-конференцијата посветена на потпишувањето на коалицискиот договор беше присутен и градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој изрази жалење што претходните политичари не ја препознале приликата да ја искористат можноста на Рамковниот договор, онака како што го искористиле Албанците.

– Жалам што претходните политичари не ја препознаа оваа прилика да се искористи Рамковниот договор рака како што го искористија Албанците да бидат рамноправни со Македонците. Со овој договор Ромите ќе почнат да живеат сонот кој требаше да започне уште пред 24 години, рече Дудуш.

притисни ентер