Неделен хороскоп за 7.10. до 14.10. 2019 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник , 7. октомври до 14. октомври 2019 година 

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Елоквенција и отвореност ќе бидат вашите адути за заведување на личност од спротивниот пол. Понекогаш за другите ќе бидете недостижни . Сепак , предајте му се на оној што го сакате , а најмногу за да не зажалите подоцна. Љубовта можеби е далеку , но вие сте тука.

Кариера

Главниот мотив за работа оваа недела ќе ви биде соработка и прифаќање на понекој компромис.Не терајте по свое зашто главниот збор засега го водат некои други. Бидете отворени и кооперативни , па се ќе тргне во добра насока.

Здравје и совет

Елиминирајте ги фрустрациите преку спорт.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние кои се вљубени , ќе сакаат интензивно , а другата страна ќе им возвраќа помалку интензивно. Сепак , нека го прифатат она што го имаат , зашто сите не сме во двојка во иста фаза. Самците ќе освојуваат брзо и лесно. Деновите се добри за љубов и за друштвен живот.

Кариера

Погледнете подобро околу себе и ќе најдете многумина кои би сакале да соработуваат со вас.Потребно е подобро да се поврзете и да смислите поефикасен организационен план. Кога ќе го направите тоа , ви преостанува да постапувате според него. Вие тоа го можете.

Здравје и совет

Анализирајте ги своите ставови.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите кои ги среќавате на забави или на спортски приредби. Некому веројатно сте му привлечни и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен , а двете страни задоволни.

Кариера

Како што ќе минува неделата , ќе станува се појасно дека вие го имате потребното знаење и стручност , кое сега се бара.Многумина ќе покажуваат кон вас и ќе речат дека токму вие сте личноста што треба да се ангажира. Но , тој ангажман нема да дојде лесно , зашто ќе треба да соработувате.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Првиот дел од неделата ќе донесе убави љубовни настани , а од средината на неделата работите се забавуваат. Вашето љубовно расположение ќе се намалува, шансите за познанаства ќе бидат поретки , а оние во врска малку ќе се дистанцираат еден од друг.

Кариера

Пред вас е добра шанса за развој на кариерата или за усовршување во професијата. Без оглед на надворешните околности, прифатете го она што ви се нуди и тргнете во освојување на нови искуства. Ќе ги проширите хоризонтите , а нешто и ќе заработите.

Здравје и совет

Не треба да ги намалувате сопствените критериуми.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Сега ви е во целост јасно дека сакате и сте сакани. Единаствено се прашувате до кога тоа ќе потрае. Ова прашање сега е непотребно, а вашите грижи само ја оптоваруваат хармонијата во која живеете.Од вас зависи дали ќе се свртите кон светлоста или кон темнината.

Кариера

Ќе ви изгледа камко се да е во рацете на накои други. Што е најлошо , ќе бидете во право. Во овој момент вие не можете многу да влијаете на работите , но тоа не значи дека нема да можете малку подоцна. За да го дочекате подготвени овој период, немојте да се нервирате. Соработувајте дипломатски.

Здравје и совет

Издржете.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Без оглед на внатрешната сигурност , ќе правите грешки во чекори. Од вас и вашата способност за самоконтрола ќе зависи успехот во приватниот живот. Потрудете се и дајте се од себе , но при тоа бидете реални.

Кариера

Сите шематски работи сега ве попречуваат. Ќе бидете во ситуација да се прилагодувате кон нови програми и тоа најчесто такви што ги смислил некој друг. Немојте бурно да реагирате , туку поминете низ тоа. Ништо друго не ви преостанува. Ако ништо друго , уште повеќе ќе созреете.

Здравје и совет

Истражете ги сопствените таленти.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Страста што ќе ја покажете кон другата страна понекогаш ќе ја плаши. Изгледа како точно дазнаете што сакате и очекувате да ви биде возвратено од саканата личност. Сепак , ќе треба малку повеќе такт и трпение за да се искристализираат ставовите. Бидете умерени.

Кариера

Ќе има денови кога ќе се затекнете во искушение од самозадоволство. Вашата проценка на сопствените можности треба да биде реална и зрела. Во секој ваш потег се гледа она што го носите во себе. Затоа препуштете им на другите да зборуваат за вашата работа. Така ќе биде поубедливо.

Здравје и совет

Мал пад на имунитетот.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе се појави ново светло на вашето љубовно небо. Она што долго го чекавте се исполнува и нема дури да ви се верува дека се отвораат нови љубовни шанси. Дотерајте се и излезете надвор , меѓу луѓе. Сепак , не претерувајте со сопствената презентација.

Кариера

На работниото место ќе имате многу интересни содржини. Оние чиј карактер на работата е креативен , ќе имаат успех. Ќе биде нагласено поврзувањето со млади соработници. Вие самите ќе подготвувате нови , подобри услови за работа.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате дека можете повеќе и подобро. Потрудете се.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Со трпение и толеранција би можеле да го подобрите односот со саканата личност. Никаква расправија , а особено онаа мотивирана од љубомора нема да донесе резултати. Време е за играње со затворени карти , па бидете воздржани. Ќе биде добро.

Кариера

Вработените во сите дејности поврзани со акција ќе можат ќе можат во својата работа да дојдат до израз повеќе од кога било. Многумина ќе бидат препознаени како талентирани или барем како квалитетни работници. Другите ќе им бидат интересни на соработниците.

Здравје и совет

Бидете она што сте и не се плашите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Императив во вашиот приватен живот ќе биде забавувањето. Нема да тежнеете кон сериозна врска , барем не по секоја цена, но доколку се случи , ќе ја прифатите. Оние кои се веќе во врска , ќе се поврзат со младо друштво, па заедно ќе се забавуваат. Ќе биде добро.

Кариера

Можно е да се најдете во ситуација кога најсериозно ќе се мерат вашите постигнувања. Критериумите би можеле да бидат строги , но не се плашите- ги имате сите квалитети за да добиете заслужено добра оценка.Тоа ќе покрене некои трансформации.

Здравје и совет

Помалку напрегање , повеќе одморање.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Согледувате дека не треба омраза ниту кавга , зашто тоа не води никаде. Подобро е да се повлечете и да размислувате во тишина , па и за она што во моментов не ви се допаѓа. Потоа опуштете се и фокусирајте се на она што е добро во вашиот приватен живот. Ќе најдете нешто.

Кариера

Техниката со еден удар да се убијат две муви , овој пат нема сосема да се оствари, но вашата способност да работите две работи во исто време ќе биде успешна.Затоа одлучете се за ова второто. Работите во тишина се нагласени, а вие низ сето тоа се борите за своите идеи.

Здравје и совет

Наспијте се . Потребен ви е одмор.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Иако емотивно нема да го чувствувате она исполнување што сте го очекувале , вашиот позитивен и отворен став ќе ви носи некои љубовни поени. Партнерот ќе ја разбира вашата зголемена потреба за друштвеност. Некои ќе одат на забави со пријателите без план.

Кариера

Откако сте решиле еден проблем , од сега ќе работите со помалку напнатост и со поголемо задоволство. Сепак , од вас и натаму ќе се бара зголемен ангажман. Така ќе биде уште оваа недела. Затоа , засукајте ги ракавите и не поставувајте непотребни прашања.

Здравје и совет

Прошетајте се пред спиење.

Видео: Пресушија Викториините водопади

Викториините водопади настанале на местото каде што африканската река Зембези пропаѓа во 100 метарска провалија. 

Убавината на водопадите привлекуваше милиони туристи во Зимбабве и Замбија а сега се пресушени заради најголемата суша во последните сто години.

Иако е вообичаено за време на сушните периоди овие водопади да подзапрат, оваа година дошло до неочекувано опаѓање на нивото на водата. Се стравува дека климатските промени би можеле трајно да ги уништат водопадите.

„Претходните години, кога ќе пресушеа, тоа не се случуваше во толкава мера“, вели Доминик Њамбе, продавач на сувенири. „Ова прв пат го гледаме“, додава тој.

Овој продавач вели и дека веќе опаднал бројот на туристи кои виделе на интернет дека водопадите пресушиле.

Проблемот е што целата област е погодена од суша и што многу луѓе останале и без храна. Се проценува дека помош им е потребна на околу 45 милиони луѓе.

Зимбабве и Замбија се погодени и од рестрикција на струја, затоа што производството на оваа енергија зависи исклучиво од хидроелектраната Кариба која се наоѓа на реката Замбези.

Официјалните податоци покажуваат дека нивото на реката Замбези е под она во 1995 година, што било најниско забележано ниво досега. Претседателот на Замбија Едфар лунгу рекол дека ова е предупредување за тоа што климатските промени можат да и направат на нашата животна средина.

Викториините водопади се едни од најголемите и најспектакуларните во светот.

Видео: Битка за живот или смрт помеѓу питон, јазовец и чакал

Кога сте на сафари во Африка тогаш сигурно ќе бидете сведок на некоја борба помеѓу животните кои таму живеат.

Така Роселин Керјосе на сафари снимила неверојатна борба на три животни јазовец, питон и чакал.

Кога почнала да снима, јазовецот бил во смртна опасност бидејќи питонот го фатил и го стискал со целото свое тело.

За среќа на јазовецот, еден пар чакали се вмешале во пресметката и јазовецот успеал да се извлече од смртта.

Тоа што требаше да биде лесен оброк за питонот се претвори во напад на тројца врз еден кога јазовецот и чакалите се свртеа против питонот.

Од оваа средба јазовецот излезе како победник и се сокри со својот ручек зад грмушката.

Во Италија се повеќе куќи по цена од едно евро

На новите жители им се нудат бројни даночни олеснувања.

Во Италија има се повеќе градови во кои е можно да се купи куќа за само едно евро. Многу италијански градови и села редовно објавуваат дека продаваат стари недвижнини по симболична цена од едно евро во обид да спречи се поизразениот тренд на депопулација.

Во последните години има се повеќе градови кои се „натпреваруваат“ да најдат купувачи за недвижнините кои со години стојат напуштени. Еден од нив е и Бивона, мал град во срцето на Сицилија, каде што на новите жители им се нудат бројни даночни олеснувања за покрај недвижнината од едно евро да отворат и некој бизнис, пренесува „Фена“.

притисни ентер