Волонтери ќе им помагаат на пациентите полесно да се снајдат на Клинички

Митра Манчева и Тодорка Филиповска се дел од тимот на 15 волонтери од Црвениот Крст кои ќе им помагаат на граѓаните кои доаѓаат во Клиниката „Мајка Тереза“.

Митра бивша докторка, Тодорка пензионерка која им пркоси на годините, на 60 години станала планинарка.Од Црвениот Крст и министерот за здравство велат дека ваквите проекти многу ќе им помогне и на медицинскиот персонал.

Во дворот на Клиничкиот центар и една друга помош. Како да се паркирате или да се разминете, а да не го уништите автомобилот. Граѓаните велат најголема мака е метежот и паркингот.

Министерот Филипче вели дека досега немало интерес некој да ја изгради долго ветената катна гража.

Министерот вели дека првата фаза за новиот клинички е завршена и најверојатно за две недели ќе започне дијалогот. Филипче го демантира Дончев кој објави дека платиле пенали од 5 милиони евра со претходната фирма. Филипче вели дека било недоразбирање.

притисни ентер