Скопје очекува датум за преговори и сатисфакција за сработеното - Канал 5

Скопје очекува датум за преговори и сатисфакција за сработеното

Северна Македонија е реално да очекува отворање на преговорите за членство во ЕУ, нема најави од Бугарија дека ќе го блокира доделувањето датум.

Скопје очекува датум за преговори и сатисфакција за сработеното

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ вчера од Скопје порача дека Северна Македонија ја научи лекцијата од минатото и реално е да добие целосна сатисфакција од меѓународната заедница преку отворање преговори со ЕУ, што се очекува да се случи овој месец, и преку официјалниот прием во полноправно членство во НАТО.

-Важно е да ја поддржиме Северна Македонија на тој пат. Тоа е пат без алтернатива кога станува збор за стабилноста на регионот и економскиот и демократски просперитет. Македонија од познати причини во 2008 година на Самитот во Букурешт го изгуби чекорот по кој претходно сигурно чекореше во процесот на интеграцијата, но ми се чини дека некои лекции се правилно научени. Во меѓувреме е направен сериозен напредок и денес е реално да се очекува Северна Македонија да добие целосна сатисфакција пред се преку два потега на меѓународната заедница. Првиот е отворање преговори со ЕУ, што очекуваме да се случи овој месец и вториот официјалниот прием во НАТО, рече Ѓукановиќ.

И министерот за надворешни работи на Финска Пека Хависто, кој ја посети земјава на две недели пред одлуката од Советот на ЕУ за почеток на пристапни преговори со државава, оцени дека Владата направила важни чекори кон остварување на целта за пристапување кон ЕУ и оти се надева дека оваа есен ќе биде донесена одлука со цел Северна Македонија и Албанија да почнат преговори за членство во ЕУ. Сепак, нагласи во процесот на носење одлуки се почитуваат ставовите на сите други држави членки на Унијата.

-Знаеме дека Бундестагот на Германија донесе позитивна одлука и мораме да почекаме се додека сите држави членки на ЕУ не ја заокружат својата позиција за проширувањето, рече Хависто, посочувајќи дека е потребно време да се заокружат односите особено во однос на Србија и Црна Гора, како и дека Брисел е преокупиран со многу работи како Брегзит, бегалската криза.

Не може, вели, да каже дали е оптимист или песимист за стартот на преговорите, но потенцираше дека дебатата за пристапување на Северна Македонија и Албанија се интензивира во Брисел и оти има многу позитивни коментари.

Според претседателот Стево Пендаровски, нема најави од бугарскиот државен врв дека Софија ќе го блокира доделувањето датум за отпочнување преговори со ЕУ. Одговорајќи на новинарско прашање на зедничката прес-конференција со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во вила „Водно", рече дека бугарскиот државен врв на одржаниот состанок во понеделникот најави поставување барања кои би биле врамени како нивни бенчмаркови во понатамошниот тек на преговорите.

– Нема никаква најава ниту од релевантен фактор од соседна Бугарија, дали е тоа претседател, дали е Владата, надлежните министри, дека Бугарија сега ќе не блокира во средината на овој месец кога чекаме да добиеме датум за преговори, кога ја очекуваме европската одлука на 15 или на 17 октомври. Како понатаму, не само Бугарија, туку можеби и Грција низ понатамошната имплементација на Преспанскиот договор, ќе се однесува во текот на преговорите кои траат со години, во тој долг процес, ќе видиме. Допрва ќе прочитаме и чуеме тоа што го најавуваат како преговарачка рамка за ова прашање, но повторувам тоа е за понатамошниот период кога ќе почнеме да преговараме, се надеваме од почетокот на 2020 година, рече претседателот Пендаровски.

Тој додаде дека во оној момент кога ќе ја видиме преговарачката позиција ќе може да кажеме како ние ќе одговориме на тоа.

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев смета дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и НАТО, а Софија не треба да му удира шлаканица на Скопје, туку да даде поддршка и да ја прошири соработката во сите области, изјави Според него, не треба да има манипулации со историјата, но наместо да се промовира лажен патриотизам треба да се засилува активноста и соработката, особено со Северна Македонија. Плевнелиев вели дека и покрај некои нерешени прашања, сепак, има сериозен напредок во односите меѓу двете земји.

– Единствениот кој не ги одобри достигнувањата беше претседателот Румен Радев. Неговиот надворешно-политички неуспех е очигледен. Тој реши да одржи состанок на државниот врв и да повлече црвени линии. Во никој случај не треба да демонстрираме лажен патриотизам пред изборите. Бугарија не треба да е земјата што ќе и удри шлаканица и да и покажува „црвен картон" на Северна Македонија. Добро е што Владата со прагматизам и мудрост ја спаси ситуацијата, рече Плевнелиев во изјава за бугарски „Фокус".

Вицепремиерката и шефица на дипломатијата на Бугарија, Екатерина Захариева, пак, истакнува дека бугарската поддршка на евроинтеграцијата на Северна Македонија никогаш не била безусловна, а условот се добрососедските односи.

– Не постои начин да се стремите да станете член на ЕУ и да имате нерешени билатерални односи. Тоа не е само бугарски критериум, туку еден од критериумите за членство во ЕУ – пријателски и добрососедски односи, рече Захариева во изјава за бугарската ТВ Нова.

Според неа, историскиот дел меѓу Скопје и Софија е потешко прашање од спорот за името што беше решен со Договорот од Преспа.

– Преспанскиот е билатерален договор. Не е лесно да се смени името на вашата земја, но историскиот дел меѓу Бугарија и Македонија е потежок. Целиот идентитет и историја од постоењето на Република Северна Македонија од 1944 година е заснован на делови од нашата заедничка историја, истакна Захариева. /МИА

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

На скопскиот аеродром вечерва пристигнува првата група од осум македонски државјани кои се евакуирани од Израел.

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

Тие попладнево полетаа од аеродромот во Шарм Ел Шеик во Египет.

Пред министерството за надворешни работи е Елизабета Дамјановска Спасеноска.

Кога се очекува тие да пристигнат во земјава?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Нова експлозија во близина на Иранската државна телевизија

 Во денешниот израелски напад уште една експлозија одекна во близина на седиштето на Иранската државна телевизија (ИРИБ).

Нова експлозија во близина на Иранската државна телевизија

Израел вчера првпат ја нападна зградата на ИРИБ, сместена во северниот дел на Иран.

По вчерашниот израелски напад, ИРИБ кратко време не емитуваше програма. По неколку минутен прекин, ИРИБ повторно почна да емитува програма, а на екраните има и порака дека „сите програми продолжуваат во живо, без прекини“, како и дека Израел „во брутален напад гаѓал една од зградите на иранската државна телевизија“.

Иран по првиот напад врз ИРИБ издаде предупредувања за евакуација за израелските телевизии.

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Македонците во Албанија

„Обврзани сме да помагаме во решавање на проблемите.“

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Македонците во Албанија

За време на работната посета на Република Албанија, каде што учествуваше на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонското национално малцинство во оваа земја.

Таа беше информирана за нивната состојба и за односот на албанските институции кон нив, на државно и на локално ниво, како и за досегашните иницијативи и планирани активности за зајакнување на националната и културната самобитност.

Претседателката вети дека матичната држава ќе продолжи да вложува напори за да ги подобри нивните права и да ги зацврсти врските со татковината.

На средбата присуствуваа: Марјана Костофски-Фелах, претставничка на македонското национално малцинство и членка на Комитетот за национални малцинства при Владата на Албанија; Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонска Алијанса за европска интеграција - единствената партија на Македонците во Албанија; Незир Муча, потпретседател на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, Славица Свидерска, професорка по македонски јазик на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана и дипломати на македонската амбасада во оваа држава.

Сиљановска-Давкова изрази задоволство што изворно може да ги чуе релевантните претставници и со нив да разговара за одлуката на албанските власти за утврдување на критериумите, документацијата и постапките за собирање на податоци за идентификација на лица кои припаѓаат на националните малцинства која важи и за Македонците во Албанија.

Укажувајќи дека со одлуката се утврдени критериумите коишто ќе им овозможат на сите, слободно да ги изразат националната припадност и јазикот на којшто зборуваат, таа рече дека токму припадниците на македонското национално малцинство се засегнати од оваа постапка.

Претседателката Сиљановска-Давкова на средбата постави повеќе реторички прашања:

Кој би бил проблемот да го правите вие она што сите држави го прават во однос на националните малцинства во поглед на издавањето на државјанство на пример?

Кој е проблемот вие да отворите повеќе гранични премини?

Кој е проблемот вие на пасошите на кои им е истечен рокот, да им го продолжите рокот?

Кој е проблемот вие, како држава да интервенирате во доделувањето на пасоши на луѓе коишто имаат потреба од тоа? Тоа го прават сите во нашиот регион, ама го прават и во светот.

Таа запраша и кој е проблемот да помогнете понекогаш во изучувањето на македонскиот јазик? Да отворите повеќе лекторати. Кој е проблемот онаму каде што има припадници на македонското малцинство да отворите конзулат?

Претседателката смета дека тоа не е голем проблем затоа што се работи за проблеми поврзани со идентитетот.

На прашањето дали како претседателка ќе иницира, ќе помогне во решавање на нивните барања, таа рече дека не би била таму ако не дошла со цврста намера, не само да ги сослуша, туку и да ги пренесе нивните проблеми до надлежните.

Претседателката порача дека имаме добри односи со Република Албанија, имаме разбирање, и во рамките на ова разбирање, треба да продолжиме онаму каде што некој застанал и направил грешка, кога морал да биде уште поактивен. Ние сме тука обврзани да помагаме.

притисни ентер