Молња го погоди авионот со кој патуваа играчите на Херта

Берлинска Херта во неделата на натпреварот на 6. коло на Бундеслигата со високи 4:0 го порази Келн на гости , но на враќање за малку ќе доживеаја трагедија.

Молња удри во авионот со кој патувале играчите и стручниот штаб на Херта , но за среќа енмало големи последици.

"Се слушна силен крик. Блесна голема светлина и сите ја видовме. Мило ми е што слетавме безбедно. Никогаш не сум доживел вакво нешто. Беше ужасен момент. Страв ми влезе во коските. За среќа, двајцата пилоти сигурно управуваа со авионот кон Берлин “, изјави спортскиот директор на Херта, Мајкл Претец за весникот „ Билд “.

притисни ентер