Навивачите на Црвена Ѕвезда братски ги дочекаа противниците од Олимпијакос и го блокираа автопатот (ВИДЕО)

Навивачите на Црвена Ѕвезда и на Олимпијакос се подготвуваат за натпреварот од 2. коло на Лигата на шампионите на Маракана.

Грчките навивачи добија братски пречек уште на границата со Србија , каде беа поставени транспаренти за добредојде, а долгата колона возила го блокира автопатот.

„Добредојдовте, браќа! Делије и Порта 7 - засекогаш“, пишуваше на големиот транспарент . Навивачите на Олимпијакос застанаа пред транспарентот, се сликаа и потоа ги споделија фотографиите  на социјалните мрежи.

Наскоро двете групи се соединија и во колона возеа заедно до Белград, но пред влезот во српската престолнина, излегоа од автомобилите, ги извадија транспарентите и целосно го запреа сообраќајот.

Кога пристигнаа на Маракана, Грците и Србите се сликаа едни со други на контроверзниот тенк пред стадионот на Црвена Ѕвезда.

Колку е братска атмосферата покажа и клупската објава на пречекот на свештеник од манастирот Хиландар , кој го посети раководството на клубот.

Џудо клубот „Ипон" од Скопје победник на Државното екипно првенство за сениори

Во организација на Џудо федерацијата на Македонија, а со техничка поддршка од џудо клубот „Гладијатор", денеска во Кочани се одржа државното екипно првенство во сениорска конкуренција.

Најмногу победи имаа џудистите на ЏК „Ипон" од Скопје и заслужено ги освоија златните медали и победничкиот пехар. Зад нив се пласираа членовите на ЏК „Сеишин" од Прилеп, а третото место му припадна на ЏК „Кожувчанка" од Кавадарци.

Кочани по втор пат беше домаќин на Државното екипно првенство што го отвори градоначалникопт Николчо Илијев, кој истакна дека иако џудото во овој регион од државата е релативно нова спортска вештина, сепак за краток период бележи брз напредок и кочанските џудисти веќе имаат освоено повеќе медали на домашни и меѓународни натпреварувања.

– Натпреварувачите на првенството за првпат настапија според новоусвоениот правилник кој е во согласност со барањата од Меѓународната џудо федерација. Новина е тоа што борбите се одвиваа во мешан состав, односно секоја екипа имаше по тројца натпреварувачи во женска и во машка конкуренција. Секој од нив настапи во посебна тежинска категорија, а ако некоја екипа нема комплетна екипа не може да се натпреварува, истакна Дејан Џокоски, член на натпреварувачката комисија.

Од раководството на Џудо федерацијата на Македонија оценија дека организацијата на првенството помина во најдобар ред, а Кочани нуди одлични просторни и технички услови за тренинзи и кондициска подготовка на екипите и репрезентацијата. 

Ветераните на Пирин најдобри на меѓународниот одбојкарски турнир во Струмица

Ветераните на Пирин од Разлог, Бугарија, го освоија првото место на меѓународниот одбојкарски турнир што се одржа вчера и завчера во Струмица.

 Во финалниот натпревар тие беа подобри од домаќините, ветераните на Струмица, забележувајќи победа од 2:0 во сетови.

Во натпревар за третото место ветераните на Рибница од Краљево, Србија, беа поуспешни од екипата на Тетово и славеа победа од 2:0.

Турнирот се одржува традиционално десетти пат по повод патрониот празник на Струмица „Светите петнаесет тивериполски свештеномаченици".

Организатор на турнирот се ветераните на Одбојкарскиот клуб Струмица.

Меѓународен одбојкарски турнир за ветерани во Струмица

Во Струмица почна Меѓународниот одбојкарски турнир за ветерани, што традиционално се одржува по десетти пат по повод патрониот празник на градот „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици", кој се одбележува на 11 декември.

На турнирот учествуваат ветераните на екипите „Пирин" од Разлог, Бугарија, „Рибница" од Краљево, Србија, како и екипи од Тетово и Струмица.

Вчера се одиграа полуфиналните натпревари. Екипата на Пирин ги совлада ветераните на Тетово со 2:0 во сетови, а Струмица славеше против Рибница со 2:1.

Турнирот завршува вечер со одигрување на натпреварите за 3 и 4 место и финалниот натпревар кој ќе го одлучи победникот. 

притисни ентер