Бугарски и македонски стопанственици изразуваат загриженост поради политизацијата на историјата

Очекуваме повеќе прагматизам и државничко размислување при одредувањето на важните цели за двете балкански земји. 

Бугарско-македонската и Македонско-бугарската стопанска комора изразуваат сериозна загриженост поради се поголемото политизирање на фактите во заедничката балканска историја на двете држави, се наведува во заедничкото писмо на коморите упатено до претседателите на Бугарија и Македонија, Румен Радев и Стево Пендаровски и премиерите на двете држави, Бојко Борисов и Зоран Заев.

– Очекуваме повеќе прагматизам и државничко размислување при одредувањето на важните цели за двете балкански земји. Ние очекуваме конкретна поддршка за создавање на услови за економска, техничка и културна соработка, за подлабока интеграција во заедничкото европско семејство. Се надеваме дека нема да ја претвориме Белата книга во Црвена книга, се вели во заедничкото писмо од претседателот на Бугарско-македонската трговско индустриска комора Пламен Павлов и претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Кирил Лазаров.

Концентрирањето на вниманието на јавноста врз работата на Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања и фокусирањето врз споровите што произлегуваат од вековната поделеност, се вели во заедничкото писмо, само ги продлабочуваат и оддалечуваат надминувањето на границата помеѓу многу семејства во двете држави.

– Сметаме дека е многу поважно од гледање во минатото да погледнеме во иднината, а за тоа е потребно носење решенија сега. Решенија за поврзување – транспортно, енергетско и комуникациско. Заеднички регионални проекти со чија реализација луѓето од двете страни на границата сами ќе ја прифатат историјата со поинакво читање, се вели во соопштението.

Во писмото на стопанските комори се наведува дека наспроти потпишувањето на Договорот за пријателство меѓу двете држави и организирањето на економски форум во Скопје, на кој беше претставена Патна карта за соработка при формирање на благопријатна бизнис клима, наречена Бела книга, статистиката покажува дека економската соработка бележи вложување.

Вучиќ на Самитот во Будимпешта: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон целиот Западен Балкан

ЕУ треба да ја промени стратегијата кон целиот Западен Балкан, како и кон Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта дека ЕУ треба да ја промени стратегијата во однос на целиот Западен Балкан, како и Србија, и да донесе стратешки одлуки за прашањата за проширувањето.

„Мислам дека треба да разговараме за стратешки прашања“, нагласи Вучиќ. Тој напомена дека влезот на Романија, Бугарија и некои други земји во ЕУ бил политичка одлука.

„Тоа беше политичка одлука донесена од ЕУ во време кога имаше стратешки одлуки и луѓе кои размислуваа стратешки. Така ние го гледаме. Кажете на некоја држава подобро и оди. Да, но Србија не ни треба. Бидејќи не воведоа санкции кон Русија или поради која било друга причина, не решија дел од нивните проблеми“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија не е единствената со проблеми и дека не ги создала сите свои проблеми сама.

Тој рече дека Србија останува на европскиот пат и е лојален партнер на ЕУ, како и дека на Европа и е потребен стратешки разговор во новите околности.

Почна Самитот на европската политичка заедница

Започна петиот Самит на Европската политичка заедница во Будимпешта каде присуствува и премиерот Мицкоски, заедно со уште 40-тина шефови на држави, премиери и преставници од ЕУ.

Започна петиот Самит на Европската политичка заедница во Будимпешта каде присуствува и премиерот Мицкоски, заедно со уште 40-тина шефови на држави, премиери и преставници од ЕУ кои денеска и утре ќе раговараат пред се за случувањата во Украина и на Блискиот Исток. Мицкоски во Будмпешта е придружуван од шефот на дипломатијата Муцунски, а свое излагање ќе има сесијата посветена на економскта сигурност и меѓусебно поврзување, објави на неговиот Фејсбук профил.

На маргините на Самиот во Будимпешта, чиј домаќин е унгарскиот премиер Орбан, засега не е предвидена билатерална средба Мицкоски – Радев, велат од Владата, иако претходно се сопоменуваше можноста Орбан да ги седне на маса со цел надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

Тонско – Марија Митева, ПОРТПАРОЛ НА ВЛАДА

Самиот кој се одржува во фудбалската арена „Пушкаш“ во Будимпешта на едно место ги обедни лидерите на Европската Унија и нејзините земји членки, лидерите од Западен Балкан, како и претставници од Велика Британија и Турција како и украинскиот претседател Зеленски. Во Будумпешта допатува и шефот на НАТО Марк Руте. Посакувајќи им плодна дискусија домаќинот Орбан порача дека мора да се изнајде начин за враќање на мирот во Европа.

Пред почеток на Самиот, пак главниот фокус на учесниците беше ставен на изборниот резултат во САД и победата н Доналд Трамп. А челницие на ЕУ ја потврдија и поддршката на Унијата кон Украина.

Освен Украина и Блискиот Исток на дневен ред на Самиот се и миграцијата, глобалната трговија, климатските промени и економската стабилност.

По завршувањето на Самитот на Европската политичка заедница, доцна попладнево во Будимпешта предвидена е и неформална средба на лидерите на ЕУ на која ќе се разговара за нов договор за конкурентност на Унијата.

В.Британија ќе склучи договори со Македонија, Србија и со Косово за сузбивање на имиграцијата

Велика Британија ќе склучи договори со Македонија, Србија и со Косово за сузбивање на имиграцијата

Велика Британија ќе потпише договори со Македонија, Србија и со Косово за спречување на активностите на бандите за шверц на мигранти, соопшти Владата во Лондон.

Целта на тие партнерства, од ист тип како она што Лондон го склучи со Албанија на крајот на 2022 година, е „да се зголеми размената на разузнавачки информации и да се пресретнат криминалните шверцерски банди“, се вели во соопштението на Даунинг стрит.

Во 2023 година, речиси 100.000 мигранти поминале низ Западен Балкан, што го прави „важна рута што ја користат оние кои илегално завршуваат во ЕУ или Велика Британија“, се вели во извештајот.

Премиерот Кеир Стармер денеска е на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЦ, 47 земји) во Унгарија, каде на дневен ред е и нерегуларната имиграција.

притисни ентер