Во Македонија времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер

Во Македонија времето ќе биде сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер претежно со западен правец.

Температурата во Македонија ќе се движи од 7 до 32 степени .

Во Скопје минималната температура ќе биде 10, а максималната 30 степени .

Пеп Гвардиола по разводот се сели од вилата, што ја купил за 10 милиони евра (ФОТО)

Пеп Гвардиола наводно ќе се исели од семејниот дом во Барселона вреден 10 милиони евра, пренесуваат шпанските медиуми.

Неодамна се појави веста дека шпанскиот фудбалски тренер и неговата сопруга Кристина Сера се разведуваат по повеќе од 30 години брак.

Тренерот на Манчестер Сити секогаш остануваше во семејната куќа кога се враќаше во Барселона. Луксузниот имот во најелитниот кварт на Барселона некогаш бил во сопственост на Рафаел Маркез, а Гвардиола го купил за 10 милиони евра пред четири години. Вилата има четири ката и голем базен, а зафаќа парцела од повеќе од 22.000 квадратни метри. Самата куќа има 8.000 квадратни метри.

Според шпанските медиуми, се очекува Пеп по разводот да се исели од вилата и да продолжи да живее во луксузниот имот во Салфорд, Англија.

За потсетување, тренерот на Манчестер Сити и неговата сопруга раскинаа во декември минатата година. Веста ја соопштија водителките на подкастот на Мамараци - Лаура Фа и Лорена Васкез. Тврдат дека за разводот бил информиран само најтесниот круг на луѓе, а бил избегнат секаков контакт со медиумите. Тие додаваат дека засега не е познато дали Пеп и Кристина го започнале официјалниот процес на развод.

Двојката беше заедно повеќе од 30 години. Тие се запознале во 1994 година, а се венчале во 2014 година во Матадепера во близина на Барселона. Заедно имаат три деца, Марија, Мариус и Валентина. „Ел Периодико“ пишува дека врската меѓу Пеп и Кристина, и покрај разводот, е „целосно срдечна, стабилна и пријателска“.

Двојката живее одвоено во последните пет години. Таа живееше во Барселона, а тој остана во Манчестер поради работата. Семејството на Кристина зад себе има успешна модна компанија, а странските медиуми пишуваат дека таа се вратила во Барселона токму поради работата. Кристина е и писателка, по потекло од Бразил.

Прв смртен случај од грип во Црна Гора

Поради вирусот на грип кој моментално беснее низ регионот, Институтот за јавно здравје во Црна Гора го пријави првиот смртен случај поврзан со оваа инфекција.

Станува збор за лице од Бијело Поље, на возраст од 72 години, кое не било вакцинирано против сезонски грип.

„Евидентиран е пораст на заболени граѓани. Во извештајниот период, втората календарска недела од 2025 година, во лабораторијата на Центарот за медицинска микробиологија на ИЈЗЦГ со помош на молекуларна дијагностика се анализирани 48 примероци за присуство на вирусот на грип, од кои 22 беа позитивни“, соопштуваат од ИЈЗ, пренесува Рина.

Од почетокот на надзорот на сезонскиот грип, поточно на 30 септември, а завршува на 12 јануари, анализирани се вкупно 386 примероци за присуство на вирусот на грип со помош на PCR дијагностика.

Инфекцијата е потврдена кај 43 лица. „Кај 40 лица е потврдена инфекција со вирус на грип од типот А, додека три лица се заразени со вирус на грип од типот Б“, се вели во соопштението.

Германија ѝ испорача на Украина моќно оружје

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ѝ го предаде на Украина првиот од новите самоодни хаубици на тркала RCH 155.

„Украина,ова е сигнал, може да смета на нас. Германија е подготвена да преземе одговорност во Европа“, рече министерот во Касел, каде што производителот на тенкови KNDS го произведува овој борбен систем.

Украинскиот амбасадор Олексеј Макеев симболично ја прими првата од вкупно 54 самоодни хаубици што Германија ќе ѝ ги испорача на Украина. Првите шест системи првично ќе останат во Германија за да се користат за обука на украински војници.

„Не ни требаат посредници, ни требаат сојузници“, рече амбасадорот во врска со можните преговори за завршување на војната. „Мора да се бориме за мир. Добро е да се знае дека Германија е на страната на Украина“, додаде тој.

Како што пишува Киев Индепендент, станува збор за хаубици со топови од 155 мм, поставени на оклопно возило со четири оски („8х8“).

KNDS, заедничко вложување меѓу германската KMW и француската Nexter, вели дека RCH 155 може да истрела до девет проектили во минута. Самоодната хаубица RCH-155 е комбинација од оклопниот транспортер GTK Boxer и автоматската артилериска купола PzH 2000, пишува Kyiv Independent.

Испукува гранати од 155 мм на растојание до 54 километри. Благодарение на основата на тркала, слична на тешко оклопно возило, може брзо да се движи по и надвор од патот со брзина поголема од 100 километри на час.

Украина е првата земја што го доби новиот RCH 155.

притисни ентер