Без здив

Од понеделник на Канал 5 започнува новата серија „Без здив“.

Серијата се емитува во 20:30 часот.

„Без здив“ – нова играна серија од понеделник до петок на Канал 5.

Драма, мистерија, акција која ќе ве остави без здив.

Руја Киран води мирен живот во Берлин, заедно со својот татко Ајаз.

Едно утро, Руја дознава дека нејзината мајка, којашто никогаш не ја видела, се наоѓа во едно село на окупирана територија во Сирија. Таа решава да ја пронајде, во тој миг се менува целиот нејзин живот.

Таа бегајќи од нејзиниот татко, заминува во турскиот град Антакија, блиску до границата со Сирија. Го пропушта авионот и на аеродромот се среќава со Јусуф, кој за прв пат по шест години се враќа во татковата куќа во Антакија.

Таму таа наоѓа семејство кое се согласува да ја прокриумчари во Сирија, но единствен начин за да успее во тоа, е да склопи лажен брак со Боран.

Семејството на Јусуф, од друга страна, е во голема неволја, бидејќи неговиот татко не сака да соработува со криумчарите. Кога тој им се спротивставува на нивните барања, тие го киднапираат.

Јусуф во потрага по неговиот татко, повторно се среќава со Руја, во мигот кога таа, заедно со Боран се обидува да ја премине сириската граница. Во вооружена престрелка, групата бегалци се растура и ја оставаат Руја сама. Тогаш Јусуф, ја зема како свој заложник, за да може да обезбеди слобода за неговиот татко. Непријателството меѓу нив подоцна прераснува во голема љубов.

Она што Руја не го знае, е дека мозокот на целата операција на Сириската граница е токму нејзиниот татко, со прекар Јастреб. Турската агенција за разузнавање му е зад петици, бидејќи тој е водачот на групата криумчари. Дали Руја ќе ја пронајде нејзината мајка или татко ѝ повторно ќе ја измами и ќе ја врати назад во Берлин?

притисни ентер