Средба на претседателот Пендаровски со Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими полковник Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски со НАТО во Скопје.

На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби во Република Северна Македонија, како и за соработката на државата со НАТО, а во контекст на аспирациите за членство во Алијансата.

Претседателот Пендаровски на средбата истакна дека со полноправното членство на Северна Македонија во НАТО ќе биде заокружена една од главните стратешки определби на државата, што ќе придонесе за нејзиниот севкупен развој, и позитивно ќе се одрази за стабилноста и просперитетот на регионот.

Претседателот Пендаровски изрази очекување за скорешно завршување на ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО од страна на земјите-членки, со што Република Северна Македонија ќе стане 30-та членка на најуспешната воено-политичка Алијанса.

Претседателот Пендаровски ја истакна улогата на Канцеларијата за врски со НАТО во Скопје во процесот на пристапување на Северна Македонија во НАТО и исполнувањето на критериумите и стандардите за полноправното членство.

Во август годинава, за време на централната свеченост по повод одбележувањето на Денот на Армијата на Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски ја одликуваше Канцеларијата за врски со НАТО во Скопје, со Орден за воени заслуги за континуирана поддршка и помош на Република Северна Македонија во процесот на пристапување и исполнување на критериумите и стандардите за остварување на полноправното членство во НАТО, соопштуваат од претседателскиот кабинет.

Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски планира да побара дополнителна воена поддршка за одбрана од Русија на денешниот вонреден состанок со министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, јави ДПА.

На состанокот на Советот НАТО-Украина, организиран како видео-конференција, се очекува да стане збор за прашања во врска со тоа дали сојузниците наскоро ќе можат да и предадат дополнителни системи за противвоздушна одбрана на земјата.

Според Зеленски, на вооружените сили на Украина им треба дополнително оружје, артилериски гранати, возила и беспилотни летала.

„Украина во моментов е загрижена дали може да го задржи фронтот и да ја заштити својата енергетска инфраструктура“, рече Зеленски.

Во последните недели Русија го засили воениот притисок врз Украина и со воздушни напади ги уништи речиси сите нејзини електрани.

Според информациите дадени од Зеленски на почетокот на април, за одбраната на воздушниот простор на Украина ќе бидат потребни или 25 системи за воздушна одбрана „Патриот“ или еквивалентна опрема.

Германската Влада веќе објави во текот на викендот дека на Украина ќе и обезбеди дополнителен систем „Патриот“. Се очекува помош и од други земји, како што е Шпанија. /МИА

Германските тимови повторија достигнување старо речиси 30 години

По натпреварите во текот на неделата, Бундеслигата сега има дури три екипи кои се полуфиналисти на европските клупски турнири. 

Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен стигнаа до претпоследната фаза од двете главни натпреварувања - Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а три германски тима не стигнале во оваа фаза речиси 30 години.

Ова последен пат се случи во сезоната 1994/1995 година. А што е уште поинтересно е тоа што тогаш токму истите екипи стигнуваат до полуфинале.

Баерн тогаш стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, каде загуби од холандскиот гигант Ајакс по 0:0 во Минхен и 2:5 во реваншот. Во тогашниот Куп на УЕФА учествуваа Борусија Дортмунд и Леверкузен, а двата тима се сретнаа со италијански противници. „Жолто-црните“ загубија од Јувентус по 2:2 во првиот меч во Германија и 2:1 за „бјанконерите“ во реваншот. Леверкузен, пак, е елиминиран по двата порази од идниот освојувач на трофејот Парма - 1:2 и 0:3.

Германските екипи сега ќе сакаат да избегнат слично сценарио и ќе се надеваат на добар настап.

Германија ги има сите шанси да обезбеди петти тим во Лигата на шампионите, а на бундеслигашите им требаат две победи или реми и две нерешени во претстојните полуфинални натпревари.

Англија, пак, ќе се потпре на победата на Астон Вила на сите свои натпревари за да обезбеди дополнителен тим во најпрестижниот европски клуб, а по синоќа, Италија веќе го постигна тоа. /МИА

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. 

Во недела и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Како што најавуваат од УХМР, поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец со температура до 16 степени.

притисни ентер