Дознал дека ќе игра за Грција против БиХ , па направил шоу во авионот (ВИДЕО)

Квалификациите за Европското фудбалско првенство продолжуваат во октомври , а репрезентацијата на БиХ ја очекуваат два натпревари.

Босанците ќе и бидат домаќини на Финска , а потоа гостуваат во Грција. Во составот на Грција ќе биде и Константинос Триантафилопулос , кој поканата за националната репрезентација ја доби во авион.

Тој во моментов настапува за клубот ,,Погон” од Шчечеин , а токму полскиот клуб го објави видеото од шоуто што го направи 26- годишниот Грк , кога дозна дека е на списокот на репрезентативците.

Црногорска фудбалска легенда банкротира: Должи милиони , запленет му е имотот

Црногорскиот фудбалер, Мирко Вучиниќ се најде во центарот на вниманието на италијанската јавност, но не заради нешто што го постигна на фудбалски терен.

Италијанските медиуми денеска објавија дека Вучиниќ е во голема неволја. Даночната администрација на Италија покренала истрага против Вучиниќ, кој е осомничен за затајување данок во вредност од 5,8 милиони евра. Тој е обвинет за не пријавување на заработката што ја добил играјќи за Ал-Џезаира.

Според „La Gazzetta dello Sport“, тој морал да плати данок кога играл во Обединетите Арапски Емирати, со краен долг од дури 5,8 милиони евра.

Римскиот суд го прифати барањето на тужителот и му го одзеде имотот на поранешниот играч по истата вредност сè додека не заврши судскиот процес.

Вучиниќ најголемиот дел од кариерата го помина во Италија, настапувајќи за Лече, Рома и Јувентус. Тој ја заврши кариерата пред две години, откако играше во дресот на Ал-Џезаира во Обединетите Арапски Емирати.

Романо : Мурињо е фаворит за нов тренер на Тотенхем

Маурицио Покетино веќе не е менаџер на Тотенхем . Аргентинецот беше со Спурсите од 2014 година.

По феноменалната ланска сезона, во која Тотенхем играше во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул, тој направи ужасен потег и ја плати цената. Во Премиер лигата, Спурси се само 14-ти.

„Се двоумевме да ја донесеме оваа одлука“, изјави Даниел Леви, шеф на Спурсите.

„Ова не е одлука што управата ја донесе набрзина и лесно. За жал, резултатите во домашната лига на крајот на минатата година и почетокот на оваа сезона беа крајно разочарувачки“, заклучи тој.

Веќе се зборува за можен наследник на Покетино, при што италијанскиот специјалист за трансфери, Фабрицио Романо, тврди дека Мурињо е фаворит. Истиот човек додава дека Масимилијано Алегри не е еден од кандидатите.

Португалецот е без работа речиси една година, откако беше отпуштен поради лошиот настап во Манчестер Јунајтед. Оттогаш, тој најмногу работи како студиски аналитичар на различни телевизиски станици, коментирајќи ја Премиерлигата за Sky Sports оваа сезона.

Скандал на отворањето на новиот стадион во Тирана (ВИДЕО)

Во Тирана со натпревар меѓу Албанија и Франција беше отворен стадионот „Ер Албанија“, модерен објект што ќе биде дом на албанската репрезентација.

Албанците го загубија мечот од Французите со 0-2, а за жал не се покажаа како организатори. Кога го отворија стадионот, доживеаја инцидент што многу бргу го обиколи светот.

Поточно, прскалките за тревникот биле свртени во погрешна насока. Така, наместо да го наводнуваат тревникот, тие ги испрскаа предните редови на трибините, така што дел од посетителите мокри го гледаа натпреварот.

притисни ентер