Бугарски боксер почина среде рингот , WBC изрази сочуство на погрешно семејство (Вознемирувачко видео)

Бугарскиот боксер Борис Станчов (21) почина за време на меч во рингот , но оваа трагедија стана и бизарна.

Несреќното момче се борел последната година под лиценца на неговиот роднина, Исус Величков , а измамата била откриена неколку часа по мечот , кога Величков се јавил и рекол дека е жив и здрав.

Станчов почина среде мечот со Ардит Мурји во Албанија, а според истрагата , доживеал инфаркт. Како што наведуваат медиумите , Станчов покрај лиценцата на роднината Величков , користел и негови лекови и додатоци во исхраната.

Пред инфарктот младиот боксер покажа слабост , падна , а веднаш притрчаа судијата и докторите , но било веќе предоцна.

По трагедијата Величков се јави и призна дека Станчов ја користел неговата лиценца и идентитет.

Тоталниот хаос по смртта настана кога од Светската боксерска федерација стигна сочуство до семејството на Величков , а не кај починатиот.

,,WBC и нејзиниот претседател Маурисио Сулајман  жалат за смртта на бугарскиот боксер Исус Величков. Иако медицинскиот персонал дал се од себе за да го спасат, смртта била моментална. Целата WBC сочувствува со семејството во овие тешки моменти на најголема тага “, се вели во соопштението на Светската боксерска федерација.

притисни ентер