Заев се сретна со Мицотакис, дал поддршка за отворање на преговори со ЕУ

Насмевки, запознавање и желби за успешна  соработка. Синоќа во Њујорк по се изгледа во добра атмосфера помина прва средба на премиерите Заев и Мицотакис. 

Грчкиот претседател на владата отворено кажал дека официјална Атина го подржува и ќе лобира земјава во Октомври да добие датум за преговори со Европската Унија.

Ставот тамошната влада дека Македонија и Албанија треба да одат во пакет за преговорите сега не беше споменат. Мицотакси на Заев му кажал дека тој не го потпишал Преспанскиот договор, но и дека тој сега е објективна реалност, па затоа грчката влада дословно ќе го почитува и спроведува.

Во меѓувреме поранешниот министер за надворешни работи, а сега пратеник од СИРИЗА, Јоргос Катругалос со обвинување дека владата на Мицоткаси, место да ги забрза како што најавуваше, практично ја забавува работата на комисиите кој треба да работат на трговските марки и на учебниците по историја.

-Премиерот, за жал и на неговото патување во Америка продолжува со познатата тактика на двојазичност и не го користи дипломатскиот капитал што земјата го доби од Договорот од Преспа за да ги промовира нашите национални интереси.

Тоа што сега е најважно за Македонија е што Грција, но и другите Балкански земји пред клучниот самит на Унијата во Октомври, се погласно апелираат да ни се додели датум за почеток на преговори.

Во тој контекст на маргините на генералното собрание на Обединетите Нации, шефовите на дипломатиите на Бугарија, Грција, Романија и Хрватска заеднички побараа Македонија и Албанија да ги почнат преговорите со ЕУ, бидејќи тоа е големо значење за стабилноста и развојот на целиот регион.

Бесплатен влез на Кокино, АСНОМ и музејска поставка Куманово

Бесплатен влез на Кокино, АСНОМ и музејска поставка Куманово по повод Меѓународен ден на спомениците и локалитетите.

Кумановци денеска можат бесплатно да ги посетат музејската поставка, АСНОМ и Кокино, по повод 18-ти април, Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, соопштија денеска надлежните од НУ Музеј Куманово. Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со локалното културно наследство.

-Во чест на Светскиот ден на спомениците и локалитетите 18 април влезот ќе биде слободен за сите посетители на постојаната музејска поставка, Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце и архео-астрономскиот локалитет Кокино. Иницијативата и идејата е на Министерството за култура. Со ваквата активност не се афирмира само светскиот ден на спомениците, туку и нашите локалитети и споменици ширум државата, изјави директорката на НУ Музеј Куманово, Марија Миљуш Божурска.

Таа ги повика кумановци да ги посетат локалитетите, да се информираат и да го запознаат локалното културно наследство.

-Водичи вработени во музејот ќе бидат на музејската поставка и на АСНОМ и се отворени да одговорат на прашања. Очекуваме посета од сите особено од учениците, студентите, повозрасните, рече Миљуш Божурска

Приватна средба на полскиот премиер со Трамп

 Полскиот претседател Анджеј Дуда соопшти дека за време на неговата посета на Њујорк, вчера имал приватна средба со поранешниот шеф на американската држава и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп.

Изборниот штаб на Трамп ги опиша двајцата политичари како „одлични пријатели“, се вели во соопштението за состанокот, во кое се додава дека разговарале за предлогот на Дуда земјите од НАТО да трошат најмалку три отсто од својот БДП за одбрана.

Дуда, чиј мандат истекува во 2025 година, беше еден од меѓународните партнери на Трамп кога тој беше претседател.

– Доналд Трамп ме покани во својот приватен стан, така да се каже. Ова е едноставно приватен состанок за време на мојот престој овде, во Њујорк, изјави Дуда.

Трамп, кому му се суди во Њујорк под обвинение дека го купил молчењето на порно актерката Сторми Даниелс за нивната врска, е во тесна трка против актуелниот демократ Џо Бајден пред претседателските избори во ноември.

Многу европски лидери долго време стравуваат дека новиот мандат на Трамп може да значи намалување на американската поддршка за Украина, која граничи со Полска, но и за НАТО алијансата.

„Претседателот Трамп со задоволство потсети на неговата значајна посета на Полска во 2017 година и го пофали полскиот народ за цврстата одбрана на својот суверенитет и посветеноста на заштитата на европските граници од секакви и сите закани, објави предизборниот штаб на Трамп во соопштението за печатот.

Синовите на Џон Ленон и Пол Макартни снимија песна

Синовите на некогашните членови на поп-рок составот „Битлс“ - Џон Ленон и Пол Мекартни, објавија заедничка песна за познатиот парк „Примроус Хил“ во Лондон.

Џејмс Мекартни (46) и Шон Оно-Ленон (48) заеднички ја напишаа баладата „Primrose Hill“, пренесува лондонски „Телеграф“.

„Многу сум среќен што можам да ја споделам мојата најнова песна што ја напишав со мојот добар пријател Шон Оно-Ленон. Со објавувањето на оваа песна се чувствуваме како да се движиме сите заедно. Возбуден сум што ќе продолжам да споделувам музика со вас“, напиша Мекартни на Инстаграм.

Познатиот парк бил отворен во првата половина на 19. век на ритче во центарот на Лондон, а таму денес се наоѓа куќата на сер Пол Мекартни.

притисни ентер