Google го доби спорот против Франција , остануваат линковите со лични податоци

Европскиот суд на правдата го отфрли барањето на Франција за построги прописи за ,,правото на заборавање” на интернет да се прошири од Европа на целиот свет , со пресуда дека Google не мора да ги отстранува линковите со чувствителни лични податоци.

Судскиот спор требаше да биде тест за да се покаже дали Европа може да ги прошири своите закони надвор од нејзините граници и дали поединците може да бараат отстранување на личните информации со резултатите од пребарувањето без ограничување на слободниот говор и легитимниот јавен интерес.

„Во моментов, законодавството на ЕУ не ги обврзува операторите на пребарувачи кои одобруваат барање да отстранат упатување до субјект на податоци, да ги отстранат сите верзии на нивниот пребарувач“, откри највисокиот европски суд.

„Правото на ЕУ бара операторот на пребарувачот да ги отстрани линковите на нивниот пребарувач што се претставени во сите земји членки на ЕУ“, соопшти судот.

Спорот се појави откако францускиот регулатор за приватност CNIL воведе казна од 100.000 американски долари на Гугл во 2016 година за одбивање да ги отстрани чувствителните информации од резултатите од пребарувањето ширум светот на барање наречено „право да се заборави“.

Гугл се пожали на највисоко француско судско советодавно тело кое побара мислење од Судот на правдата на ЕУ.

Американскиот технолошки гигант тврди дека доколку се примени надвор од Европа, авторитарните влади можат да ја злоупотребат обврската да ги отстранат резултатите од пребарувањето за да ги прикријат кршењата на човековите права.

"Од 2014 година, ние направивме големи напори да го гарантираме правото да бидат заборавени и да постигнеме разумна рамнотежа помеѓу правото на пристап до информации и правото на приватност. Задоволни сме што судот ги прифати нашите аргументи", соопшти Гугл по пресудата.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер