Чешки судија пијан паѓа среде натпревар (ВИДЕО)

На натпревар на помладите категории во чешкото првенство меѓу Берун и Слануј , хит беше помошниот судија Милан Шефар.

Помошникот судија паѓаше на теренот , на општа забава на публиката . Снимката од пијаниот судија доби светска слава , кога беше споделена на социјалните мрежи. Се разбира, судијата Шефар бил суспендиран , а го очекува и голема казна.

„Сојузот смета дека однесувањето на судијата е неприфатливо и сериозно ќе ги казни ваквите ексцеси“.

Шефар не можеше да оди по линијата и двапати падна на тревникот. Организаторите на мечот го повикаа судијата Томас Брожек, но овој го остави на позицијата до крајот на мечот.

„Тој беше пијан, неговото несоодветно однесување беше очигледно“, потврдува во записникот Марек Шпидра, началник на судиите за помлади категории.

притисни ентер