Димитров во Њујорк учествуваше на две панел дискусии – за климатски промени и за мултиконцептуален свет

На настанот на високо ниво беа разменети мислења за потребата од координирано делување за ефективно справување со новите еко-предизвици.

„Засилување на европската лидерска улога на глобално ниво во сферата климатските промени и растот на еколошки чистата економија" е темата на панел дискусијата, која се одржа во организација на Светскиот економски форум во Њујорк, а на која учествуваше и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

На настанот на високо ниво беа разменети мислења за потребата од координирано делување за ефективно справување со новите еко-предизвици.

Учесниците во дискусијата се осврнаа на новите глобални закани и ризици по (човековата) безбедност и потребата од заедничка европска акција во насока на обезбедување транспортна инфраструктура без штетни емисии, обновлива енергија и иновативни технологии, паралелно со процесите на креирање на нови работни места и европското преминување кон иднина со нула штетни емисии.

 Сесијата ја отвори холандскиот премиер Марк Руте, а во дебатата учествуваа претседатели на држави и влади, министри од земји-членки на ЕУ, како и високи претставници на разни засегнати страни.

 На покана на Светскиот економски форум и истражувачкиот институт Брукингс, министерот Димитров учествуваше на тематскиот настан "Обликување на партнерства за мулти-концептуален свет."

 Состојбата во Иран беше во фокусот на дискусијата, а на настанот присуствуваа група глобални лидери од јавниот и граѓанскиот сектор, истражувачките институти и бизнис заедницата.

Министерот Димитров, кој учествува на Генералната дебата на 74-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, на панел-дискусијата. /МИА

Во Абиџан запленети 200 тони фалсификувани лекови

Властите на Брегот на Слоновата коска соопштиле дека во текот на неделата заплениле рекордни 200 тони фалсификувани лекови и привеле четири лица.

Лековите, фалсификувани и со погрешно наведени дози се наоѓале во една двокатна куќа.

„Имаше 200 тони. Четири лица се приведени, од кои еден е кинески државјанин“, велат од полицијата.

„Во сите простории на куќата имаше лекови“, додаваат тие наведувајќи дека некои од кутиите биле и со кинески натписи.

Светската здравствена организација наведува дека во Африка годишно умираат околу 100.000 луѓе заради употреба на фалсификувани лекови.

СРАМНО: Екс новинарот „блуе“ говор на омраза и закани, и никој во Македонија не се потресува!

Екс новинарот кој веќе подолг период користи тешки форми на говор на и од омраза, се надмина себе си во еден во своите последни FB коментари !

Бранко Тричковски врши сериозна алузија на убиство, при што сечењето на цреша во дворот на актерката Моника Белучи ( дрво кое може да е биде фиктивно ) го споредува со сечење на главата на прославениот македонски режисер Владе Милчин.

Страшно и загрижувачки е што Јавното Обвинителство изгледа не ни помислува да реагира на вакви бестијални изрази на говор на омраза, каков што е и примерот на кривичната пријава токму за серијал на говор на и од омраза на едно лице познато како Саше Ивановски а поднесена од Канал 5 ТВ!

Треба ли да бидеме сведоци на „реализација“ на тие сериозни облици на говор на и од омраза на разни Бранковци и Сашевци, па дури тогаш тимот на Јовески да го придвижи својот обвинителски „мастодонт“?

Како е можно тимот на тој истиот Јовески да биде брз и ефикасен кога стануваше збор за исто така оправдани тужби за говор на омраза за актерот Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ или пак екс спортскиот водител, Миленко Неделковски?

Дали ОЈО повторно ќе ги отфрли пријавите и т.н. допрен глас, на многу наши сограѓани против овој лик Бранко Тричковски,како што направија лани во Декември, или пак ОЈО реагира само на видео материјали објавени во странски медиуми?

Вучиќ на Твитер: Благодарност до лекарите, од понеделник ќе бидам во полн работен погон

Здравстената состојба на српскиот претседател Александар Вучиќ е стабилна, и тој како што порача на Твитер од понеделник  веќе ќе биде во полн работен погон. 

Вучиќ им се заблагодари и на вработените на Воено медицинската академија во Белград каде вчера беше хоститализиран поради кардиоваскуларни проблеми.

притисни ентер