Законот за стечајци на владина седница

Владата на Република Македонија денеска ќе одржи редовна седница.

На седницата меѓу другото ќе расправа Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост предложен од Министерството за труд и социјална политика.

Како што соопшти владината прес-служба на денешната седница ќе биде разгледана информација за текот и прогресот на активностите за реализација на проектот „Поддршка на воздухопловна федерација" на предлог на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје.

На предлог на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија министрите ќе разгледаат информација за потпишување на Договор меѓу Република Македонија и организаторите на EXPO Dubai 2020.

Министрите ќе ја разгледаат и информацијата за вклучување на училиштата во иницијативата за саморефлексија при користење дигитална технологија во образовниот процес преку употреба на алатката Selfie која веќе се употребува во 35 земји и е изработена од страна на Заедничкиот истражувачки центар при Европската комисија (Join Research Centre – JRC). /МИА

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 13 милиони

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 13 милиони, според пресметката на „Ројтерс“, означувајќи уште една пресвртница во ширењето на болеста, која однесе повеќе од половина милион животи за седум месеци.

Првиот случај е пријавен на почетокот на јануари во Кина и беа потребни три месеци за бројот на случаи да се искачи на еден милион. Сега се потребни само пет дена да се дојде од 12 милиони случаи, забележани на 8 јули, на 13 милиони.

Бројот на заболени е околу три пати поголем од тешките случаи на грип регистрирани на годишно ниво, според Светската здравствена организација (СЗО).

Повеќе од 568.500 смртни случаи се поврзани со коронавирусот, што е во истиот опсег со годишниот број на смртни случаи од грип во светот.

Првата смрт е пријавена во Вухан, Кина на 10 јануари пред инфекцијата да се прошири во Европа, а потоа и во Соединетите држави.

Многу сериозно погодени земји ги олеснуваат наметнатите рестриктивни мерки за да го забават ширењето на ковида-19. Други места, како австралискиот град Мелбурн, воведуваат втор круг на изолација.

Пресметката на Ројтерс, врз основа на владините извештаи, покажува дека болеста најмногу се забрзува во Јужна Америка.

Повеќе од половина од инфекциите во светот и половина од смртните случаи се пријавени во Северна и Јужна Америка.

Американците поставија дневен глобален рекорд од 69.070 нови инфекции на 10-ти јули. Во Бразил, 1,86 милиони луѓе се позитивни на вирусот, а повеќе од 72.000 умреле од ефектите на ковид-19.

Индија, земјата со трет најголем број заразени, се бори во просек со 23,000 нови случаи на ден од почетокот на јули.

Во земјите со ограничен капацитет за тестирање, бројот на случаи рефлектира само дел од вкупните инфекции.

До 15 часот гласале 340 лица со Ковид-19 и во самоизолација

До 15 часот правото на глас за предвремените парламентарни избори го оствариле 340 лица со Ковид-19 или во самоизолација. Гласањето засега се одвива без проблеми, изјави претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски.

Во меѓувреме, оваа бројка е зголемена за над стотина лица, но се чекаат официјални информации од општинските изборни комисии.

Најдоцна до 21 часот ќе се знае колкумина од лицата со Ковид-19 или во самоизолација гласале.

За гласањето денеска беа пријавени 773 лица позитивни на Ковид-19 или во самоизолација, но според последните податоци на ДИК објавени на нивната веб страница општинските изборни комисии прифатиле пријави на 711. Најмногу пријави за гласање на лица со Ковид-19 и во самоизолација се прифатени во Ресен-60, потоа во Струга и во Тетово по 55, во Кичево и во Охрид по 34, во Сарај -32, во Куманово 31 и во Штип – 30.

Гласањето на овие лица го спроведуваат посебни изнборни тимови составени од здравствени работници и претставници на политички партии и се спроведува под соодветни здравствени мерки. /МИА

МВР: Лични карти можат да се подигнат и на 15 јули

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека управните служби при МВР на територијата на целата држава, на денот на изборите (среда, 15 јули) ќе работат само за подигање на лични карти.

Управните служби при МВР на територијата на целата држава, на денот на изборите (среда, 15 јули) ќе работат само за подигање на лични карти, во периодот од 7 до 19 часот, а со цел да им се овозможи на граѓаните кои претходно поднеле барање да ги подигнат личните карти и да можат да го остварат правото на глас.

притисни ентер