Филипче на Самитот за универзална здравствена покриеност на ГС на ОН

Заедничка цел е да се изгради достапна, квалитетна и долгорочно одржлива здравствена заштита со граѓаните во центарот на здравствениот систем.

Универзалната здравствена покриеност е главна цел за здравствени реформи во нашата земја, истакна министерот за здравство Венко Филипче во своето обраќање на Самитот за универзалната здравствена покриеност на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Филипче, како што соопшти владината прес-служба, нагласи дека таа цел произлегува од заедничката визија на Владата на Република Северна Македонија и на Министерството за здравство, за здравје и благосостојба на секого и насекаде кон што се насочени и здравствените реформи во земјата.

– Заедничка цел е да се изгради достапна, квалитетна и долгорочно одржлива здравствена заштита со граѓаните во центарот на здравствениот систем, а исто така да се зајакне чувствителноста и одговорноста на поединецот за своето здравје и здравјето на другите. Поставувањето на овој проблем како приоритет осигурува дека сите луѓе имаат пристап до здравствени услуги со доволен квалитет, а тоа ќе игра голема улога во намалувањето на здравствените нееднаквости во Македонија, потенцираше министерот за здравство Филипче во своето обраќање на Самитот за универзалната здравствена покриеност на 74-тото Генерално собрание на ОН.

Филепче, како што се наведува, информираше дека Македонија е меѓу првите земји на глобално ниво што ја разгледа својата заложба за примарна здравствена заштита во согласност со Декларацијата на Астана и дека земјата го продолжи овој процес за време на првиот национален форум за здравствена заштита, што се одржа на 13 февруари 2019 година.

Министерот Филипче го запозна Самитот за универзалната здравствена покриеност за новата визија на земјата за примарната здравствена заштита како клучен национален приоритет насочен кон подобрување на севкупните перформанси на здравствениот систем и истакна дека земјата ја забрзува нејзината имплементација.

– Усогласувањето на примарната здравствена заштита со оваа визија ќе го зголеми нејзиниот капацитет за реакција и ќе обезбеди одржливост на здравствениот систем, спречување и намалување на товарот на незаразните заболувања и подобрување на здравјето и благосостојбата на населението во Македонија, рече во своето обраќање министерот Филипче. Тој посочил дека продолжува мултисекторската соработка и се фокусирани да се обезбеди достапен и висококвалитетен здравствен систем ориентиран кон граѓаните.

Редок син дијамант продаден за 10 милиони долари, очекувана била многу повисока цена

Најчистиот син дијамант од 7,03 карати, од приватна колекција е продаден на аукција во Женева за 10 милиони долари.

Очекуваната цена за овој дијамант изнесувала од 10 до 14 милиони долари. Меѓу другите предмети на аукцијата се наоѓале и прстен и обетки од познатиот француски изработувач на накит Жоел Артур Розентал. Прстенот се продал за 300.000 долари, што е двојно повеќе од очекуваното, пишува „Спутник“. А дијамантските обетки биле продадени за 723.000 долари.

Продаден е и брош со бурмански сафир со исклучителен квалитет од 43 карати за 2.1 милион а очекувани биле 3 милиони.

Фустанот во кој Мерлин му пееше роденденска песна на Кенеди е продаден за 4.8 милиони долари

Филмската икона Мерлин Монро била гола под познатиот фустан кој го носела додека му пеела „Среќен роденден, господине претседателе“ на Џон Кенеди.

По овој фамозен настап на Монро, почнуваат да се шират гласини за некаква поврзаност помеѓу нејзе и Кенеди.

Анегдота за Мерлин е открина во новата книга, а потекнува од колумистката Маурин Довд, која на писателите им рекла што некој нејзин пријател ведел на тој фамозен настап.

-Ми рече: Стоев веднаш зад Мерлин кога ја отпеа роденденската песна на претседателот и се случи чудна работа. Нејзиниот фустан се помести во моја корист и видов дека таа под неа е потполно гола, рекла Маурин.

А фустанот кој Мерлин го носела за време на овој настап е продаден на аукција во Лос Анџелес на неверојатни 4.8 милиони долари во 2016 година.

Видео: Додека чекала ред во пекара снимила нешто од што го изгубила апетитот

Последна работа која сакате да ја видите додека гладни чекате ред пред пекара се стаорци кои шетаат по храната.

Авторката на ова видео сигурно го изгубила апетитот.

Видео од глушец како шета по излогот на неименувана пекара е објавено на Фејсбук на страницата „Orange shark“ за потоа да биде споделено илјадници пати па други страници.

притисни ентер