Слоница мислела дека човек се дави , па се страча да го спаси (ВИДЕО)

Светот се воодушеви од снимката на слоница , која трча за да му помогне на човек за кого помислила дека се дави.

Снимката е направена пред две години во паркот за слонови Чианг Маи на Тајланд , а сега е објавена на Твитер и доби глобална популарност на социјалните мрежи. НаТвитер има речиси седум милиони прегледи , додека на Фејсбук ја погледале 18 милиони пати.

Кам Ла е слоница која имала пет години кога е направена снимката и била спасена од циркус во 2015 година. Паркот спасил повеќе од 70 слонови, претежно хендикепирани, стари, слепи или на друг начин осакатени.

Дарик, ко-основач на фондацијата за спасување слонови, по кого слоницата се стрча за да помогне, вели дека се третираат со љубов. Уште откако ја спаси Кам од циркусот, поминал многу време со неа за да ја излечи од менталната траума што ја претрпе и да и ја покаже љубовта што ја заслужува. Таа брзо развила силна врска со него, го заштитува и го прифатила како дел од нејзиното стадо.

притисни ентер