Разводот голем стресоген фактор како операција без анестезија

Најмалку разводи во текот на 2018 годината имало во август, а најмногу во декември. 

Динамичниот стил на живеење, променетите вредносни модели на однесување кај луѓето, либералниот бракоразводен режим, остварувањето на личните потреби и интереси пред оние на семејството несомнено влијаат на брзото зголемување на бројот на разводи во изминатите неколку децении.

Во развиените држави разводот на бракот се должи на еманципацијата на жената и на модерниот начин на живеење. Во овие земји постои еден вид послободна заедница, која не е толку врзана за законите и за традицијата, туку бракот трае колку и согласноста на брачните партнери.

Нашата држава се приближува кон некои европски стандарди на однесување, на брзо живеење, на брзи, дури и непромислени одлуки. Избрзаното стапување во брак, според психолозите, пред добро да се запознаат брачните другари кои стапуваат во една заедница, се последица на брзо раскинување за заедницата што според статистичките податоци за развод се утврдува дека трае формално само една година.

Бројот на склучени бракови во државава бележи пад, но намалување има и кај бројот на разведени бракови, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според ДЗС бројот на разводите во 2018 година бележи намалување од 18,8 отсто во споредба со претходната година и изнесува 1.620 разведени бракови. Во 2017 година имало 374 повеќе разведени бракови, односно регистрирани се вкупно 1.994.

Најмалку разводи во текот на 2018 годината имало во август, а најмногу во декември. Според траењето на бракот, како што информираат од ДЗС, најголем број разводи – 322, се случиле од пет до девет години по склучување на бракот.

Д-р Љубинка Дамјановиќ, специјалист по психијатрија во ЈЗУ Завод за ментално здравје-Младост, Скопје посочува дека стресот на секојдневното живеење, различните навики, несогласувањата, нарушената комуникација меѓу партнерите, физичко, психичко и емоционално насилство, финансиски проблеми, изневерување... и слично доведуваат брачната заедница да се разведе.

-Бројот на разведени бракови од новосклучени во Македонија секојдневно е во пораст. Разводот е голем стресоген фактор за понатамошното функционирање, психолозите го дефинираат како операција без анестезија, затоа што разводот на бракот во кој се подигале децата, се градело семејството и се стекнувал заедничкиот имот, оддеднаш се се растура како кула од карти. Ако вредностите на одредена средина или личност ја исклучуваат можноста за развод и се осудуваат оние кои предходно се разведени, интензитетот на стрес ќе биде поголем, а разводот ќе предизвика подолгосежни и подлабоки последици, вели Дамјановиќ.

Во ординацијата, како што посочива таа,  се почесто родителите бараат совет, помош, пред се во врска со чувањето и грижата за заедничките деца по разводот.

-Во ординацијата почесто доаѓаат жените кои после разводот се соочуваат со финансиски и станбени проблеми, грижа за деца, а особено оние после 50-та година од животот и постари.... Надминувањето на депресивна реакција, која може да се продлабочи до тешка депресивна епизода, до обид за суицид бара психолошка поддршка од средината, вклучување антидепресивна терапија и редовни контроли и следење од стручно лице, вели Дамјановиќ.

Дека разводот не ги одминува и луѓето од повозрасната доба, Дамјановиќ посочува пример на 74-годишна пациентка, која со помош на терапија ги надминала емотивните потешкотии.

– Во текот на разводот, имаше обид за суицид... но со терапија, редовни контроли кај психијатар, психолог, консултација со адвокат (во врска со правни работи за заеднички имот) за кратко време се надминаа емотивните потешкотии, пациентката си го преструктуира животот и продолжи понатаму да чекори, вели таа.

Кога се работи пак за склучени бракови во текот на 2018 година, според ДЗС и овде е забележано намалување за 2,1 отсто во однос на претходната година и изнесува 13.494 склучени брака.

Статистиката покажува дека најмногу бракови, 1 665 или 12.3 отсто се склучени во месец август, а најмалку, 738 или 5.5 отсто во месец март.

Минатата година, според статистичките податоци, и жените и мажите најчесто застануваат пред матичар на возраст од 25 до 29 години.

Праксата како што вели Дамјановиќ, покажува дека луѓето многу ретко доаѓаат да се посоветуваат пред стапување во брак и такви случаи се бројат на прсти.

-Идните брачни партнери треба да се запознаети со наследни болести, финансиска состојба, различна национална припадност кои понатаму и тоа како влијаат врз нивниот семеен живот и животот на поширокото семејство и средината во која ќе живеат. Треба да бидат подготвени за предизвиците со кои ќе се соочат, и со заеднички вложувања да ги надминат, вели д-р Љубинка Дамјановиќ./MИА

Фото: Во јуни играше полуфинале во Париз, а сега атрактивната Доминика го напушта тенисот ?!

Тенискиот свет е во шок, некогашната четврто рангирана тенисерка на светот Доминика Цибулкова одлучила да и стави точка на својата кариера во белиот спорт .

30- годишната Цибулкова која е позната покрај по добрите игри и резултати и по атрактивниот изглед и бујни облини на својот Инстаграм профил објави дека се повлекува од професионалниот тенис.

Тенисерката од Словачка сезонава поради повреда на Ахиловата тетива беше оддалечена од тенискиот терен. Во последните неколку месеци Цибулкова  често можеше да се види на атрактивни и провокативни фотографии направени на егзотични дестинации.

Во јуни годинава Цибулкова успеа да стигне до полуфиналето на Грен слемот Ролан Гарос во Париз, тогаш сите помислија дека Доминика повторно се враќа во светскиот врв, каде беше во 2014 кога играше финале на Австралија Опен.

Но, нејзиното враќање во светскиот врв го прекина незгодата повреда на Ахиловата тетива.

TOYO TIRES со одлична зимска понуда и можност за плаќање на рати!

Посетете ги салоните на Еуроимпекс и дознајте за најновата зимска понуда на Јапонскиот бренд Toyo Tires. Сет од 4 зимски гуми со акциска цена и дополнителна можност за плаќање на рати.

На располагање ви се гуми создадени од висок квалитет, со ново соединение на нагазната површина кое нуди подолг век на траење, подобри перформанси на влажна површина и помала потрошувачка на гориво, како и

заштеда на гумите. Од гуми за патнички возила, премиум и луксузни лимузини, комерцијални возила, спортски и SUV возила, како и off road гуми за екстремни услови на теренот, секогаш овозможувајќи ви безбедно и комфорно чувство на возење, високо ниво на безбедност, удобност и трајност за голем број километри.

Ве повикуваме на брза реакција, бидејќи количините се ограничени.

Toyo Tires пневматиците се достапни во двете импортерски локации на компанијата Еуроимпекс:

Локација 1: Бул Трета Македонска Бригада број 72, 1000 Скопје

Локација 2: Ул Скупи 3а, 1000 Скопје

За повеќе информации https://www.toyo.mk/

По 30 години во брак Жозе Мурињо се разведува од сопругата??

Еден од најдобрите светски тренери во последните десетина години, „специјалниот“ Жозе Мурињо со сопругата Матилда Фарија има две деца, и заедно во брак се цели 30 години.

Мурињо деновиве додека го коментирал супер дербито од англиската Премиер лига меѓу Ливерпул и Манчестер Сити е виден без венчалниот прстен, кој 30 години не го вадел од раката.

Португалскиот стратег и минатиот месец е снимен без бурмата за време на прошетка во близина на домот. Но,неговиот портпарол за медиумите изјавил „дека е се во ред во бракот на Мурињо“ и дополнил дека прстенот Жозе едноставно заборавил да го стави на прстот.

Жозе својата сопруга Матилда која е голема хуманитарка ја запознал уште во тинајџерските денови и од тогаш се заедно.

Минатата недела Матилда со нивните две деца 19- годишниот Жозе Јуниор и ќерката Матилда  која го славела 23 роденден била во Њујорк.

Но, медиумите информираат дека Матилда и Жозе од февруари годинава не се снимени заедно .

притисни ентер