Претседателот Пендаровски во посета на Велес

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска ќе престојува во посета на Општина Велес.

Посетата на Пендаровски, како што соопштуваат од неговиот кабинет, е во рамки на проектот „Лице в лице".

Пендаровски заедно со градоначалникот на Велес Аце Коцевски ќе засади садници на опожарените места крај езерото Младост, а потоа ќе ги посети ООУ „Св. Кирил и Методиј" и Територијалната противпожарна единица во овој град./МИА

Преодната Влада на должност стапува на 3-ти јануари 2020

И власта и опозицијата во трката влегуваат убедени во победата.

 Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев вчера по средбата со коалициските партнери тврди дека според последните анкети имаат фаворитска улога во однос на опозицијата.

Победата ја очекуваат и во ВМРО ДПМНЕ. Генералниот секретар на партија, Игор Јанушев вели 12-ти април е датумот кога Заев и СДСМ заминуваат од власт.

Иако официјалниот почеток на предизборната кампања е се уште далеку и власта и опозицијата веќе се на терен. ВМРО ДПМНЕ со „Обнова на Македонија“, а СДСМ „На прав пат“ ја крстосуваат државата барајќи поддршка од граѓаните.

По измените на Изборниот законик донесени согласно Договорот од Пржино од јуни 2015 година на одржувањето парламентарни избори им претходи формирање на т.н. техничка влада. За изборите закажани на 12-ти април техничката влада треба да се формира на три јануари тогаш и премиерот Заев , согласно Изборниот законик, се повлекува од функцијата.

На негово место треба Собранието по предлог на владејачката партија избира претседател на техничката влада. Веќе се шпекулира дека до изборите премиерската должност ќе ја извршува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој ќе согласно концептот на „пржинската влада“ ќе замине од министерското место.

Во техничката влада опозицијата треба да добие две министерски функции во внатрешни работи и труд и социјална политика. Три позиции дополнителен заменик министер  во финанси, земјоделство и информатичко општество и администрација.  Власта пак треба да предложи двајца дополнителни замениници министри во МВР и труд и социјала.

Оваа влада има мандатот до прогласување на конечните изборни резултати од Државната изборна комисија. Согласно анексот на Пржинскиот договор по изборите функционерите од партијата која ќе освои помалку гласови си поднесуваат оставка, а на нивно место доаѓаат замениците министри.  Министрите и дополнителни министри во техничката влада рамноправно ги споделуваат надлежностите и имаат право на вето на донесените одлуки.

Ваков модел на влада за првпат беше формиран пред изборите во декември 2016 година.

Дали ќе се забави имплементацијата на Преспанскиот договор?

Што понатаму со Преспанскиот договор? Ова прашање се отвори по одлуката на Советот на Европа да не додели датум за почеток на преговорите со Македонија.

Имплементацијата на договорот кој е донесен со цел да станеме дел од ЕУ и НАТО има одредби и обврски чие исполнување директно поврзано со отворањето на поглавјата. Бидејќи барем засега нема најави кога тоа би се случило, а ако се следи текстот на договорот, по се изгледа дека новото име во документите за внатрешна употреба засега нема да се применува. На тоа упатува дел на преспанскиот договор.

„Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Втората страна. Издавањето на ваквите документи и материјали кои се опфатени со оваа категорија во согласност со член 1, став 3 ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш. 

Што тоа точно значи, односно во кој документи сега најверојатно нема да се употребува името „Северна Македонија“точно не се знае. Канал 5 се обиде одговорите да ги добие од генералниот секретар на владата Драги Рашковски, кој побара на писмено да ги поставиме прашањата, но до почетокот на вестите сепак одговор не добивме.

Исходот од минатонеделниот самит на ЕУ, причина за загриженост и во соседна Грција. Поранешниот премиер Ципрас  ја обвини владата на Мицотакис дека премногу пасивно набљудуваше што се случуваше во Брисел  и без многу „борба“ дозволи да се затвори евро перспективата на Македонија. Мицотакис пак од за време на самитот, кажа дека за доброто на целиот регион треба да се отворат преговори со земјава.  

Грчките медиуми, како опасност за Преспанскиот договор гледаат во предвремените парламентарни избори кои доаѓаат по недобивањето датум за преговори. Анализите се дека ако на власт дојде ВМРО-ДПМНЕ тоа може да ги забави спроведувањето на обврските од компромисот.

Ако договорот со Грција барем засега не помогна да тргнеме со преговори со ЕУ, дефинитивно ја заврши работата за НАТО. Столтенберг на твитер напиша дека телефонски разговарал со премиерот Заев на кој што го информирал дека ратификацијата на протоколот оди одлично и дека очекува земјава набрзо да стане полноправна членка на Алијансата.

Одложено рочиштето за Ел Чека, одбраната бара изземање на судијката Кижевска

Денешното судско рочиште за Шекерим Ахмети, познат како Ел Чека, што се води во Судот во Кичево е одложено, бидејќи неговата одбрана побара да се изземе судијката Билјана Кижевска поради нетранспарентност и пристрасност во постапката.

Пред да почне судењето, судијката Кижевска рече дека на денешното рочиште ќе има само завршни зборови, а пресудата ќе биде донесена друг ден, меѓутоа поради писмен поднесок од страна на одбраната за нејзино изземање рочиште беше одолжено.

На обвинетиот Ахмети му се суди во отсуство, а во судскиот процес го застапува адвокатот Бесник Асани, кој е овластен од семејството.

Адвокатот Асани рече дека е песимист во однос на нивното барање и оти Обвинителството нема никакви докази во предметот во кој се товари Ахмети.

Пред Основниот суд во Кичево денеска се одржа протест на група граѓани за поддршка на кичеецот Шекерим Ахмети познат како Ел Чека, кој моментално живее во Чикаго, САД и од таму објавува аудио снимки за наводни коруптивни дејства на високи челници од ДУИ. Тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Не осудувај ги оние кои пријавуваат криминал".

Организаторите на протестот, кои се преставуваат како Меѓународно Здружение за човекови права велат дека се борат притив селективната правда во земјава. На протестот свое учество најави и огранокот на Движењето „Беса” во Кичево, кои јавно ги повикаа нивните членови и симпатизери да се приклучат на денешниот протест. 

притисни ентер