Автобус удрил во рид, 22 загинати

Најмалку 22 лица загинале, а 15 се повредени во сообраќајна несреќа на автобус во Пакистан. 

Автобусот на кого му откажале сопирачките додека се движел по планински пат на северозападот на Пакистан удрил во брдо, соопштила полицијата.

Според полицискиот извештај несреќата се случила во областа Чилас на патот меѓу градовите Скарду и Равалпиниди.

Непристапниот терен и недостатокот на опрема ги отежнуваат напорите на спасувачките екипи при извлекување на повредените.

Мигрантите направија хаос на Малта, запалени автомобили , повреден полицаец (ВИДЕО)

Мигрантите запалија најмалку пет автомобили на Малта и повредија полицаец во протестите во мигрантскиот центар од каде бараа слобода.

Насилството почна ноќеска во некогашната касарна во Хал Фар, во близина на аеродромот во Малта.

Мигрантите ја искористија намалената контрола врз зградата, но полицискиот портпарол рече дека ситуацијата е повторно ставена под контрола во раните утрински часови .

Прифатните центри на Малта се преполнети  бидејќи неколку стотици мигранти пристигнаа на Малта во текот на летото.

Многумина дошле на островот по договор со земјите од ЕУ за нивната распределба, но повеќето сè уште се на островот, во преполнетите центри.

Очевидци денеска изјавија дека мигрантите во Хал Фар запалиле неколку простории и автомобили кои припаѓаат на персоналот на центарот. Оштетен е и полициски автомобил.

Полицијата соопшти дека еден службеник е полесно повреден.

Уривањето во Охрид се префрла на Галичица

Од езерските крајбрежни платформи, уривањето во Охрид се префрла на Галичица. 

Дека националниот парк е „жртва“ на урбаното дивеење покажува еден видео клип на кој се гледа зацементирана бетонска основа, а околу неа купови гранки од дрвја кои, најверојатно, биле сечени за да се направи простор за платформата. Слични вакви нелегални објекти на Галичица досега се преброени околу 30.

Акцијата за уривање трае веќе еден месец, но никако да се заврши Анализата за влијание на дивоградбите врз природата. Претседателката на ДОМ Морачанин е децидна - се што нема дозвола, без разлика во кој дел од Охрид е изградено, мора да се урне.

„Овие препораки кои ги даде реактивната мисија на УНЕСКО се однесуваат на заштитата на природното и културното наследство. Тие не се однесуваат на правните процедури. А инаку кога гледаме од правно-легален аспект, факт е дека е недозволиво воопшто вие да градите без дозвола“, вели  Маја Морачанин, претседател на ДОМ .

Морачанин, меѓудругото, е загрижена што Општина Струга се уште се прави глува на повикот да ги преброи дивоградбите, со што се одолговлекуваат активностите во овој дел укажани од УНЕСКО.

„Во општина Струга воопшто не е почнат ваков процес. Дури, според наши информации, општината се уште нема доставено ниту список до Министерството за транспорт и врски за тие нелегални градби што требаше да биде завршено до 3. септември.“ истакна Маја Морачанин, претседател на ДОМ .

Вчера истече рокот кој охридските власти им го даде на угостителите за сами да си ги срушат платформите. За оние што не го исполниле ветувањето, уривањето ќе го преземе општината.

Четворица загинаа во протести поради објава на Фејсбук (ВИДЕО)

Поради Фејсбук статус за пророкот Мухамед во бангладеш загинаа најмалку четири лица , а десетици сде повредени во насилните протести.

Илјадници жители излегоа на улиците на Борханудин, во јужна област во Бангладеш, за да протестираат против статусот на Фејсбук, кој наводно го критикувал пророкот Мухамед, јавува Си-Ен-Ен.

„Моравме да пукаме. Немавме други опции“, рече АКМ Ехсанахула, висок полициски службеник во полициската станица Барисал.

Статусот на Фејсбук, кој ги предизвика овие огромни немири, беше објавен во петокот од 25-годишниот Хиндус кој живее во таа област. Неименуваниот човек подоцна и ’кажал на полицијата дека некој ја хакирал неговата страница на таа социјална мрежа и го објавил соопштението.

По веста за ширењето на статусот низ целиот град, разгневената толпа се собрала пред полициската станица во неделата барајќи правда. Полицијата првично немала намера да употреби сила затоа што протестот започнал како мирен протест на граѓаните. Но, по некое време, некои учесници започнале да фрлаат камења и цигли врз полицајците.

Кога околу стотина луѓе се обидоа да влезат во просторијата во која се криеја полицајците, полицајците пукаа со куршуми од воздушна пушка за да се заштитат и да ја распрснат толпата.

„Тие беа скоро внатре. Веќе ги искршија решетките на прозорецот. Поставивме душек на прозорецот за да се заштитиме“, рече Ехсанлахла.

„Користевме куршуми од воздушни пушки кои не се смртоносни, но не бевме во можност да ги растераме“, додаде тој.

Потоа полицијата започнала да користи вистински куршуми.


притисни ентер