Извори од СЈО за Канал 5 потврдија дека минатата недела екс тимот на Јанева добил писмо од својата екс шефица, во кое таа бара парите од т.н. „ црн фонд “ да и бидат доделени за одбрана во случајот „Рекет“.
Оваа информација открива потенцијален скандал - дали постоел и како функционирал т.н. „црн фонд“ во рамките на СЈО?
Нашиот извор информира дека „црниот фонд“ бил во некоја рака облигациски фонд, кој се полнел во кеш, веднаш по приемот на платите на вработените во СЈО. Најголемо учество во „црниот фонд“ имале обвинителите и истражителите, значи оние кои имале високи примања, и кои морале да „уплатуваат“ по 3000 ден. месечно во т.н. „плико за црн фонд“. Оние со помали примања уплатувале нешто повеќе од 1000 денари месечно.
Овој во најмала рака невообичаен начин на прибирање средства траел повеќе од 2 години, а нашиот извор тврди дека изговорот за неговото креирање бил - да им се најде на вработените за „недај боже“.
Изворот потврдува дека тој „црн фонд“ бил менаџиран од Сињора Катица лично, која ете, според нашиот извор, наводно како да знаела дека ќе и потреба еден ден .
Екипа на нашата ТВ го контактираше портпаролот на СЈО, кој тврдеше дека не знае за такво писмо, а истиот одговор го добивме и од г-динот Есад Рахиќ.
Канал 5 ТВ ќе продолжи да ја проверува оваа , засега непотврдена информација, која доколку се потврди како точна, ќе фрли дополнително проблематично светло на проектот наречен - СЈО