Фото: Волшебната вселена

Вселена која одзема здив! Прогласени се финалистите за најдобра астрофотографија за 2019 година.

Астрофотографијата најверојатно е една од најтешките специјализирани видови на фотографија .

Кралската опсерваторија „Гринич“ ги објави најдобрите во натпреварот „ Astronomy Photographer of the Year“, Пристигнатите фотографии биле спектакуларни.

Годинава во изборот за најдобра Астрофотографија учествувале 4602 фотографи од 90 држави.

Путин: Наскоро втора вакцина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека втората руска вакцина против вирусот корона ќе биде регистрирани во најскоро време.

„Инаку, наскоро ќе биде регистрирани и втора вакцина против вирусот корона“, рекол Путин обраќајќи се пред сенаторите во Советот на Федерацијата.

Рускиот претседател додал дека властите на Русија ги имаат во предвид можните ризици во борба против вирусот корона.

Според зборовите на Путин, рускиот здравствен систем е подготвен ефикасно да се справи со коронавирусот и сезонскиот бран на настинки и грип.

Претходно министерот за индустрија и трговија на Русија Денис Мантуров изјавил дека втората руска вакцина против Ковид-19 ќе биде произведувана од компанијата „Биокад“.

„Спутник“ потсетува дека Русија во август ја регистрираше првата вакцина против коронавирус во светот, која ја разви центарот „Гамелеј“, заедно со рускиот фонд за директни инвестиции.

Моментално е во тек финалната фаза на тестирање на вакцината, во која учествуваат голем број на доброволци.

Фото: Заев, Николовски и Филипче не носеле кациги, казнети по 50 евра

За сторен сообраќаен прекршок, неносење заштитна кацига, МВР ги казни премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче.

Од платните налози што ги објавија некои портали, се гледа дека на тројцата државни функционери издадени им се платни налози во висина од 50 евра.

Заев, Николовски и Филипче биле сопрени на булеварот Гоце Делчев во близина на Владата пред три дена, а од возењето се појави и аматерска снимка на социјалните мрежи.

МВР последните денови врши засилени контроли во сообраќајот низ државата.

Во Штип само за еден час биле казнети 50 возачи.

Сноуден негира дека на Трамповата администрација ќе и даде пет милиони долари

Тој на својот Твитер налог наведува дека „Си-Ен-Ен“ погрешно ја пренел информацијата.

Едвард Сноуден, некогашниот припадник на Агенцијата за национална безбедност (НСА), негира дека со согласил петте милиони долари кои ги заработил од продажбата на автобиографската книга и говорите кои ги држел по светот да и ги предаде на американската влада.

Тој на својот Твитер налог наведе дека „Си-Ен-Ен“ погрешно ја пренел информацијата и дека насловот на текстот би требало да биде „САД би можеле да заработат до 5 милиони долари со помилувањето на Сноуден“.

-Под А, тоа не е договор, јас со тоа не сум се согласил. Под Б, пресуда во овој случај не може да се изврши додека сум во егзил, но и онака никогаш не сум имал толку пари, напиша Сноуден.

„Си-Ен-Ен“ вчера објави дека, според договорот на Сноуден и администарацијата на Трамп, парите ќе бидат зачувани во посебен фонд.

Сноуден минатата година објави книга со наслов „Трајно забележано“ и со тоа го прекршил договорот кој го склучил со ЦИА и НСА.

Во книгата од која заработил повеќе од милион долари, открива како владата на САД направила систем за масовен надзор.

притисни ентер