Брена го молела Душко Тошиќ да не се разведе од Јелена Карлеуша?!

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена е забележана во еден ресторан во Белград во друштво на фудбалерот Душко Тошиќ, сопругот на пејачката Јелена Карлеуша.

Според медиумите Брена на оваа средба наводно се обидувала да го спаси бракот на Душко и Јелена. Таа дури сака да го наговори познатиот фудбалер без разлика на се да не ја напушта Карлеуша.

Наводно, Душко  не се откажал од разводот, но Брена сметала дека сепак тој треба да му даде можност на бракот после сите проблеми што Тошиќ и Карлеуша ги пребродиле. Брена досега наведуваат српските медиуми неколку пати се слушнала , а сега и видела со Душко со цел да го убеди дека разводот не е решение и дека треба да заедно со Јелена да ја победат кризата.

-Брена на само поразговорала со Душко и му објаснила дека без разлика на се низ што поминале со Јелена , секогаш треба да се размислува на долги патеки, и дека токму тоа е она што го одржува нејзиниот брак со Боба.Брена му признала на Тошиќ дека таа  и Боба имале многу несогласувања во бракот, поради тоа што двајцата се успешни и популарни.Но, дека не дозволиле тоа да им го расипе нивниот однос иако имало моменти кога биле многу скарани. Брена дури му раскажале дека имало измислени афери и за нив двајца, само со намера тие да се разведат. Во еден момент дури му напоменала дека би било убаво сите заедно да отпатуваат во Опатија на брод кај Саша Поповиќ, им раскажал на медиумите добро упатен извор .

Брена потоа ги споменала и нивните ќерки Ника и Атина, поради што Душко веднаш се натажил.

На крајот, сопственичката на Гранд му дала совет на Душко да мисли на децата, посебно поради тоа што нивните ќерки наскоро ќе влезат во пубертет, кога родителите им се најпотребни. Му кажала дека Јелена е прекрасна мајка и дека уште еднаш треба добро да размисли дали сака да го напушти семејството.Тошиќ наводно според изворот, со солзи во очите ја слушал Брена и и велел дека за него децата се најважни во животот и дека поради нив е подготвен на се. Кога го завршиле разговорот , Брена ги почекала своите пријатели, а по Душко дошле неговите другари и брзо водно нерасположен го напуштил локалот,  информирал изворот.

Пролетно-летните дневни температури ги наполнија ординациите на матичните доктори

Пролетно-летните дневни температури во комбинација со ниските вечерни температури ги наполнија ординациите на матичните доктори. 

Пролетно-летните дневни температури во комбинација со ниските вечерни температури ги наполнија ординациите на матичните доктори. Настинки, ларингит, болно грло, вирози а кај возрасните и нестабилен крвен притисок. Докторите велат дека потребно е многу свежа храна, а во време на сончевите зраци добро е граѓаните да поминат надвор на воздух и сонце.

Родителите внимателни да бидат со инхалациите и да прават со солен раствор, но не и со употреба на лекови и антибиотици на своја рака.

Од УХМР велат дека натпросечните температури за овој период од годината ќе останат до крајот на октомври.

Епидемија на заразна жолтица во Кочани

 Центарот за јавно здравје од Кочани прогласи епидемија од заразна жолтица, откако бројот на регистрирани заболени во изминатите десеттина дена надмина 20 лица.

Најголемиот број пациенти кај кои е утврдено присуство на вирусен хепатит А се ученици од две основни училишта во градот.

Од Центарот потврдуваат дека се преземаат превентивни мерки за спречување на заразата, при што дел од заболените се препратени на инфективното одделение во Клиничката болница во Штип.

– Состојбата со заразната жолтица во регионот ја следиме од крајот на минатиот месец кога беа регистрирани првите шест случаи, а во текот на последната недела дојде до забележителен пораст. Дел од пациентите со полесни симптоми беа пуштени на домашно лекување, додека посериозните случаи се лекуваат во Клиничката болница во Штип. Меѓу заболените има и повозрасни лица, иако главно се работи за ученици од основно образование, за што на родителите им посочуваме дека е потребна поголема грижа за личната хигиена на нивните деца, истакна Горан Николов, епидемиолог во Центарот за јавно здравје во Кочани.

Во училиштата во кои е регистрирана заразата се прави засилена дезинфекција, при што скратени се и часовите за да може таа да биде на пократок временски рок. Дополнително, во сите образовни установи е поделен едукативен материјал за правилното миење раце со сапун за да се спречи контактното ширење на инфекцијата. 

Волонтерите од Црвен крст за 10 дена помогнале 3.168 лица полесно да се снајдат во универзитетските клиники

Во изминатите 10 дена дена, од волонтерите побарале помош 3.168 лица на седум клиники, каде се поставени пунктовите, што покажува дека пациентите навистина чувствуваат бенефит од оваа мерка. 

Министерството за здравство соопшти дека успешно функционира проектот во соработка со Црвениот крст во кој волонтерите им помагаат на пациентите полесно да се снајдат низ Клиничкиот центар во Скопје, со цел да стигнат до потребната клиника, до соодветната локација, потребното снимање, преглед или анализа.

Во изминатите 10 дена дена, од волонтерите побарале помош 3.168 лица на седум клиники, каде се поставени пунктовите, што покажува дека пациентите навистина чувствуваат бенефит од оваа мерка. Волонтерите се лоцирани на седум најфреквентни локации во комплексот клиники „Мајка Тереза", во периодот од 8:30 до 12 часот, секој работен ден, посочуваат од Министерството.

– Како волонтери нашиот ангажман е од хуман аспект и преку овој проект им помагаме на пациентите полесно да ги најдат одделите и докторите. Пациенти ни приоѓаат и нѐ поздравуваат, велејќи дека оваа мерка e неопходна. Ќе продолжиме да се вклучуваме во секој проект, кој значи олеснување во работата, бидејќи е корисно за сите, велат Андриана и Сања, волонтери на Црвениот крст, кои во рамки на заедничкиот проект со Министерството за здравство им помагаат на пациентите за полесно снаоѓање во Клиничкиот кампус.

Извршените истражувања по клиниките покажаа дека пациентите имаат проблем со снаоѓањето во комплексот. На овој начин им овозможуваме полесно да ги најдат одделите и докторите, а со тоа и побрзо да ја добијат неопходната здравствена услуга. Оваа форма на помош функционира и на други клиники во Европа и од тамошната јавност е препознаена како добра практика, информираат од Министерството за здравство. 

притисни ентер