Дескоска: Клучното барање на ВМРО-ДПМНЕ беше постапки коишто се почнати по 18 месеци да запрат и сите докази да бидат фрлени во вода

Идеална ситуација би била законот да се донесе. 

Но гледаме дека имаме отпор од страна на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ за донесување заеднички солидни решенија коишто ќе ги имплементираат европските стандарди. -истакна Рената Дескоска, член на ИО на СДСМ и министерка за правда, во интервју за емисијата Стадион на Канал 77, на прашањето дали може Законот за ЈО да не е донесен, а да очекуваме отворање на преговорите за влез во ЕУ.

Мојата опција е дека би било подобро да не донесеме закон отколку да донесеме лош закон.-истакна Дескоска во случај ако имаме ситуација во којашто треба да имаме закон којшто ќе внесе поретроградни решенија од постојните, којшто нема да значи напредок на нашето законодавство кон европското.

Дескоска посочи дека овој процес на носење на ЗЈО се темели на Стратегијата [за реформи во правосудството] којашто е усвоена од Владата но и одобрена од Европската Комисија од Брисел, и од којашто произлегува обврска да обезбедиме посебен орган во рамките на Јавното обвинителство којшто ќе гони висока корупција и ќе овозможи продолжување на случаите на СЈО. Практично, СЈО да се трансформира во траен орган во нашиот систем – за жал таква согласност немавме.

Дескоска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не сакало да се спомне С од СЈО во законот.

Бевме принудени да извадиме верзија којашто ќе се доближи до нивните барања со цел да направиме консензус. Кога ја направивме таа верзија којашто имплементираше добар дел од нивните барања сега тие одговорија со ретерирање.- посочи Дескоска.

Таа посочи дека воочливо било тоа дека другата преговарачка страна , во случајот опозицијата нема волја за приближување и доаѓање до заедничко решение.

Тоа беше една игра во која ВМРО-ДПМНЕ ја правеше со цел да дојде 15 септември, во којашто очекуваа дека специјалната јавна обвинителка ќе го изгуби мандатот, СЈО ќе биде замрзнато и со него и случаите и дека тоа ќе трае една година.-рече Дескоска.

Клучното барање на ВМРО-ДПМНЕ беше дека треба да имаме одредба во којашто сите постапки коишто се почнати по 18 месеци ќе запрат, сите докази ќе бидат фрлени во вода, а постапките пред првите 18 месеци ќе бидат трансферирани. Ние мораме да го решиме клучното прашање, а тоа е прашањето за постапките коишто се водат. Остануваше дилемата за тоа во која фаза ќе бидат преземени и слично. Кога ќе го решевме тоа прашање, можевме да разговараме им реков, експерти од сегде, од ЕК, од Венецијанска комисија од каде и да е.-дополни Дескоска.

Дескоска истакна дека првата верзија којашто била пуштена во Собрание била блиску до она што би изгледал закон којшто би се правел во комисија, експертски – без странични интереси. Имаше одредени отстапувања во првиот текст којшто произлегоа во рамките на коалициските разговори со ДУИ, којшто се однесуваа на одредени прашања за да се задоволат потребите и да се добие поддршка во рамките на Владата. Прашања коишто се однесуваа на употреба на докази од СЈО и други прашања коишто се отворија, различни прашања и интервенции. Но, сепак тоа беше еден закон којшто беше пристоен, немаше да наруши остварување на владеење на право, од експертите би добил зелено светло. Можеби не би добил петка, до би добил една четворка.

За жал, свесни сме дека во Собранието мнозинство за донесување на закон е двотретинско мнозинство. Има одредени црвени линии од коишто не сме спремни да отстапиме. Вистина мислам дека нема потреба да се носи закон којшто ќе биде ретроградно решение, дури ќе содржи и скриени одредби за амнестија, доколку веќе не е ургентна таа потреба.

Рената Дескоска, член на ИО на СДСМ и министерка за правда

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

Именувани тројца судии и двајца бранители на Судот на правдата на ЕУ

Комитетот на постојани претставници на земјите членки на ЕУ (КОРЕПЕР) именуваше тројца судии и двајца бранители на Европскиот суд на правдата. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, станува збор за Германецот Томас фон Данвиц и Летонката Инета Зимеле, кои се реизбрани за судии, како и за Французинот Стефан Жервасони, кој првпат е именуван за судија на Судот на правдата.

Членовите на КОРЕПЕР, исто така, го реизбраа Французинот Жан Ришар де ла Тур за бранител во Судот, а на ова должност во прв мандат е именуван и Луксембуржанецот Дин Шпилман.

Именувањата се извршени во рамки на процесот на делумна обнова на составот на Судот на правдата на ЕУ. Мандатите на петмината именувани ќе траат од 7 октомври 2024 година до 6 октомври 2030 година.

Судиите и бранителите на Судот на правдата на ЕУ се назначуваат со согласност на владите на земјите членки на Унијата, по консултации со посебен панел одговорен за давање мислење за соодветноста на потенцијалните кандидати за извршување на должностите. Тие се избираат од редовите на истакнати правници, кои претходно извршувале високи функции во правосудните системи на своите матични земји.

Баерн го вброи Емери во кандидатите за тренерската позиција

Актуелниот бундеслигашки шампион Баерн Минхен размислува за следната сезона на тренерското место да го донесе предводникот на Астон Вила, Унаи Емери.

Според „TZ“ тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо е главна цел на клубот од Минхен, но поради силниот интерес за Шпанецот од Ливерпул, кој на крајот на сезоната ќе го напушти Јирген Клоп, германскиот клуб размислува за други опции.

Претходно беше објавено дека Баерн размислува и за Роберто Де Зерби од Брајтон, како и за селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман.

Во февруари, Баерн најави заминување на главниот тренер Томас Тухел од клубот на крајот на сезоната 2023/24.

Џафери – Коцевски: Ефикасност од институциите за фер избори

 Претседателот на техничката Влада Талат Џафери денеска се сретна со јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски.

Средбата се реализираше на барање на премиерот Џафери, согласно законската надлежност на Владата за организирање фер и демократски избори, соопшти владината прес-служба.

Џафери на состанокот ја истакна недвосмислената определба на Владата за реализација на избори коишто ќе ја одразат реалната волја на граѓаните. Притоа, посочи дека активностите на Владата се одвиваат според законските надлежности, а лично тој и претставниците на Владата се водат од наратив за позитивна клима во предизборието.

Од страна на јавниот обвинител Коцевски беше поздравена оваа иницијатива на премиерот Џафери, која е во насока на координирање на активностите за успешно спроведување на изборите, со поддршка од сите институции кои се дел од овој процес. Коцевски изрази целосна поддршка за активностите за препознавање индиции и пресретнување на евентуални дела спротивни на заложбите за спроведување законски и фер изборни процеси.

Заеднички е констатирано дека двојните избори во државава се од исклучителна важност во рамки на очекувањата за напредок на Република Македонија во евроинтеграцискиот процес. И во таа насока е потенцирана улогата на сите надлежни институции и потребата од ефикасно дејствување, со цел спроведување фер и демократски изборни процеси. Нагласено беше очекувањето од двете страни, дека сите учесници во изборите го согледуваат својот дел од одговорноста и ќе придонесат во поттикнувањето и одржувањето атмосфера на конструктивност, се вели во соопштението од владината прес-служба.

притисни ентер