Во Париз уапсени 106 демонстранти од „Жолтите елеци“

Повеќе од 100 луѓе се уапсени за време на денешните протести на „жолтите елеци“ во Париз.

Француската полиција против демонстрантите морала да употреби и солзавец за да ги растера насобраните граѓани.

Полицијата соопштила дека уапсени се 106 лица, а завршени се 1249 безбедносни контроли и проверки. Исто така повеќе од 100 лица ќе мораат да платат парична казна од 135 евра поради протестирање во забранет реон.

Полицијата успеала да ги растера демонстрантите околу Шанзелизе, железничката станица Сен Лазар и Плоштадот Мадлен.

Според  полициски информации попладне не било забележано уништување на имот ниту е причинета материјална штета.

Изборите ќе го пролонгираат планираниот Попис на населението

Терминот април е воопшто непогоден за спроведување на пописот со оглед на тоа што веќе се закажани изборите и истиот ќе треба да се пролонгира. 

 Одлуката за одржување на предвремени Парламентарни избори на 12 април 2020 година го доведува во прашање терминот за одржување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република  Македонија планиран да биде спроведен во периодот , изјави денеска на прес-конференција директорот на Државниот завод за статситика Апостол Симовски.

– Терминот април е воопшто непогоден за спроведување на пописот со оглед на тоа што веќе се закажани изборите и истиот ќе треба да се пролонгира. Можноста да се спроведе попис пред изборите, исто така,  технички невозможна, бидејќи пописот е исклучително голема операција и самата организација е невозможно да се спроведе пред април месец, изјави Симовски.

Нагласи дека планираниот термин за спроведување на пописот од 1 до 21 април 2020 година се уште не е утврден бидејќи Законот за попис се уште не е донесен, како и дека е непогодно во исто време да се спроведува вака сложена статистилка операција и да се спроведуваат избори во државата.

– Кога и како евентуално би се спровел пописот не можеме да одговориме во овој момент, бидејќи тоа е одлука на парламентот. Тој треба да го донесе Законот за попис, а претходно и одлука на Владата бидејќи предлагач е Министерството за правда. За овој термин ќе дозволите да се направат консултации со овие две институции кои се одговорни за носење на овој закон, изјави Симовски. 

„Сандеј Тајмс“: ЕУ го пролонгира Брегзит до февруари 2020 година

Европска унија ќе го одложи Брегзит до февруари 2020 година ако британскиот премиер Борис Џонсон во текот на неделата не добие поддршка од парламентот за договорот за излегување на Велика Британија од ЕУ, објави британскиот весник „Сандеј Тајмс“.

Британскиот весник наведува дека во случај Џонсон се соочи со сериозни проблеми или пратениците инсистираат на втор референдум, тогаш земјите членки на еу, предводени од Германија ќе бараат подолго одложување.

Британските пратеници во саботата со 322 гласови „за“ и 306 „против“ го пролонгираа гласањето за договорот за Брегзит, поради што Џонсон официјално побара одлагање на излегувањето на Велика Британија од ЕУ, при тоа нагласувајќи дека тој лично е против пролонгирање на Брегзит.

„Советот на амбасадори“ е разочаран од одлуката на Европскиот совет

„Советот на амбасадори“ жали што овој пат потребата за унапредување на функционалноста и ефикасноста на Унијата била причината за одлагање на одлуката.

„Советот на амбасадори“ со големо разочарување  ја прими одлуката на Европскиот совет да не и се додели датум на Македонија и покрај исполнувањето на речиси сите услови поставени од европската комисија-реагираат од ова здружение за надворешна и меѓународна политика..

„Советот на амбасадори“ жали што овој пат потребата за унапредување на функционалноста и ефикасноста на Унијата била причината за одлагање на одлуката. Но, и апелираат Македонија уште повеќе да го засили процесот на реформите со што би си само помогнала и патот до ЕУ да го изоди побрзо.

притисни ентер