Општина Гостивар ќе вработи 44 лица

Општина Гостивар наскоро ќе објави конкурси за вработување на пожарникари, административци и друг персонал за да ја подобри ефикасноста. 

Новите вработувања иако беа најавувани, не поминуваа на одобрување од општинскиот совет. Со промената на мнозинството, градоначалникот Арбен Тараври очекува да се реализира и програмата за вработувања.

– Претходното мнозинство во советот две години не ја гласаше програмата за вработувања и го блокираше донесувањето на буџетот и сите бевме сведоци. Зошто тоа го правеа не знам и треба нив да ги прашате. По малку е парадоксално што изминативе две години немам поптишано ниту едно решение за вработување иако најмалку десет лица си заминале во пензија или дале откази. На нивни места не се примени нови. Ќе се трудиме да го испочитуваме принципот за вработување на стручни кадри, а не по партиски клуч. Работа ќе добијат тие што навистина ја заслужуваат според нивните квалитети, изјави градоначалникот Таравари.

Според него, во новата програма превидени се 44 вработувања и како што потенцира ќе се внимава на застапеност на сите етнички заедници.

Донесувањето на буџетот во повеќе наврати беше проблематизрано во советот на општината, а тогашното мнозинство предводено од ДУИ и СДСМ не даваше „зелено светло" наоѓаше забалешки токму во делот за финсирање на нови вработвања. Со неодамнешното менување на силите во советот, мнозинството сега е на страната на градоначалникот. На последната седница беа сменети и назначени нови членови на речиси сите управни одбори.

Изборите ќе го пролонгираат планираниот Попис на населението

Терминот април е воопшто непогоден за спроведување на пописот со оглед на тоа што веќе се закажани изборите и истиот ќе треба да се пролонгира. 

 Одлуката за одржување на предвремени Парламентарни избори на 12 април 2020 година го доведува во прашање терминот за одржување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република  Македонија планиран да биде спроведен во периодот , изјави денеска на прес-конференција директорот на Државниот завод за статситика Апостол Симовски.

– Терминот април е воопшто непогоден за спроведување на пописот со оглед на тоа што веќе се закажани изборите и истиот ќе треба да се пролонгира. Можноста да се спроведе попис пред изборите, исто така,  технички невозможна, бидејќи пописот е исклучително голема операција и самата организација е невозможно да се спроведе пред април месец, изјави Симовски.

Нагласи дека планираниот термин за спроведување на пописот од 1 до 21 април 2020 година се уште не е утврден бидејќи Законот за попис се уште не е донесен, како и дека е непогодно во исто време да се спроведува вака сложена статистилка операција и да се спроведуваат избори во државата.

– Кога и како евентуално би се спровел пописот не можеме да одговориме во овој момент, бидејќи тоа е одлука на парламентот. Тој треба да го донесе Законот за попис, а претходно и одлука на Владата бидејќи предлагач е Министерството за правда. За овој термин ќе дозволите да се направат консултации со овие две институции кои се одговорни за носење на овој закон, изјави Симовски. 

„Сандеј Тајмс“: ЕУ го пролонгира Брегзит до февруари 2020 година

Европска унија ќе го одложи Брегзит до февруари 2020 година ако британскиот премиер Борис Џонсон во текот на неделата не добие поддршка од парламентот за договорот за излегување на Велика Британија од ЕУ, објави британскиот весник „Сандеј Тајмс“.

Британскиот весник наведува дека во случај Џонсон се соочи со сериозни проблеми или пратениците инсистираат на втор референдум, тогаш земјите членки на еу, предводени од Германија ќе бараат подолго одложување.

Британските пратеници во саботата со 322 гласови „за“ и 306 „против“ го пролонгираа гласањето за договорот за Брегзит, поради што Џонсон официјално побара одлагање на излегувањето на Велика Британија од ЕУ, при тоа нагласувајќи дека тој лично е против пролонгирање на Брегзит.

„Советот на амбасадори“ е разочаран од одлуката на Европскиот совет

„Советот на амбасадори“ жали што овој пат потребата за унапредување на функционалноста и ефикасноста на Унијата била причината за одлагање на одлуката.

„Советот на амбасадори“ со големо разочарување  ја прими одлуката на Европскиот совет да не и се додели датум на Македонија и покрај исполнувањето на речиси сите услови поставени од европската комисија-реагираат од ова здружение за надворешна и меѓународна политика..

„Советот на амбасадори“ жали што овој пат потребата за унапредување на функционалноста и ефикасноста на Унијата била причината за одлагање на одлуката. Но, и апелираат Македонија уште повеќе да го засили процесот на реформите со што би си само помогнала и патот до ЕУ да го изоди побрзо.

притисни ентер