Пожарната во Тетово доби два камиони за гаснење пожари како донација од Данска

 Тетовските пожарникари добија две нови возила – специјални камиони за гаснење пожари кои се донација од Данска.

 Камионите се обезбедени со залагање на Меџаит Љатифи доктор од тетовското село Доброште, кој долги години живее и работи во Данска.

Ука Алити, командир на тетовската противпожарна единица рече дека првото возило е главен камион за гаснење пожари со сета пропратна опрема, а цистерната претставува логистика за навалното возило.

– Како резултат на една соработка, противпожарната бригада доби два камиони со што се зголемува капацитетот на единицата за справување со пожари. Благодариме на Општина Теарце за ангажманот и првичната нивна иницијатива и посебно докторот Меџаит Љатифи кој успеа да ги донесе камионите до тука, изјави градоначалничката Теута Арифи.

Меџаит Љатифи истакна дека за оваа иницијатива бил многу мотивиран знаејќи дека народот има проблеми со многу пожари.

Камионите биле наменети за Општина Теарце, но бидејќи се уште нема такви единици во рурални општини надлежност на возилата е префрлена на Општина Тетово.

Исен Асани, градоначалник на Општина Теарце рече дека се надева оти законските измени ќе придонесат да се создаваат одделенија на пожарната во руралните места.

Станува збор за едно главно навално возило камион за гаснење пожари како и еден камион цистерна.

Дали ќе се забави имплементацијата на Преспанскиот договор?

Што понатаму со Преспанскиот договор? Ова прашање се отвори по одлуката на Советот на Европа да не додели датум за почеток на преговорите со Македонија.

Имплементацијата на договорот кој е донесен со цел да станеме дел од ЕУ и НАТО има одредби и обврски чие исполнување директно поврзано со отворањето на поглавјата. Бидејќи барем засега нема најави кога тоа би се случило, а ако се следи текстот на договорот, по се изгледа дека новото име во документите за внатрешна употреба засега нема да се применува. На тоа упатува дел на преспанскиот договор.

„Политичкиот“ преоден период ќе се однесува на сите документи и материјали, коишто се исклучиво за внатрешна употреба во Втората страна. Издавањето на ваквите документи и материјали кои се опфатени со оваа категорија во согласност со член 1, став 3 ќе започне при отворањето на секое поглавје на релевантното поле во преговорите со Европската Унија и ќе биде финализирано во рок од пет години оттогаш. 

Што тоа точно значи, односно во кој документи сега најверојатно нема да се употребува името „Северна Македонија“точно не се знае. Канал 5 се обиде одговорите да ги добие од генералниот секретар на владата Драги Рашковски, кој побара на писмено да ги поставиме прашањата, но до почетокот на вестите сепак одговор не добивме.

Исходот од минатонеделниот самит на ЕУ, причина за загриженост и во соседна Грција. Поранешниот премиер Ципрас  ја обвини владата на Мицотакис дека премногу пасивно набљудуваше што се случуваше во Брисел  и без многу „борба“ дозволи да се затвори евро перспективата на Македонија. Мицотакис пак од за време на самитот, кажа дека за доброто на целиот регион треба да се отворат преговори со земјава.  

Грчките медиуми, како опасност за Преспанскиот договор гледаат во предвремените парламентарни избори кои доаѓаат по недобивањето датум за преговори. Анализите се дека ако на власт дојде ВМРО-ДПМНЕ тоа може да ги забави спроведувањето на обврските од компромисот.

Ако договорот со Грција барем засега не помогна да тргнеме со преговори со ЕУ, дефинитивно ја заврши работата за НАТО. Столтенберг на твитер напиша дека телефонски разговарал со премиерот Заев на кој што го информирал дека ратификацијата на протоколот оди одлично и дека очекува земјава набрзо да стане полноправна членка на Алијансата.

Одложено рочиштето за Ел Чека, одбраната бара изземање на судијката Кижевска

Денешното судско рочиште за Шекерим Ахмети, познат како Ел Чека, што се води во Судот во Кичево е одложено, бидејќи неговата одбрана побара да се изземе судијката Билјана Кижевска поради нетранспарентност и пристрасност во постапката.

Пред да почне судењето, судијката Кижевска рече дека на денешното рочиште ќе има само завршни зборови, а пресудата ќе биде донесена друг ден, меѓутоа поради писмен поднесок од страна на одбраната за нејзино изземање рочиште беше одолжено.

На обвинетиот Ахмети му се суди во отсуство, а во судскиот процес го застапува адвокатот Бесник Асани, кој е овластен од семејството.

Адвокатот Асани рече дека е песимист во однос на нивното барање и оти Обвинителството нема никакви докази во предметот во кој се товари Ахмети.

Пред Основниот суд во Кичево денеска се одржа протест на група граѓани за поддршка на кичеецот Шекерим Ахмети познат како Ел Чека, кој моментално живее во Чикаго, САД и од таму објавува аудио снимки за наводни коруптивни дејства на високи челници од ДУИ. Тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Не осудувај ги оние кои пријавуваат криминал".

Организаторите на протестот, кои се преставуваат како Меѓународно Здружение за човекови права велат дека се борат притив селективната правда во земјава. На протестот свое учество најави и огранокот на Движењето „Беса” во Кичево, кои јавно ги повикаа нивните членови и симпатизери да се приклучат на денешниот протест. 

Асанж се појави во судница во Лондон , одбиено барањето за одложување

Основачот на Викиликс , Џулијан Асанж се појави денбеска пред судот во Лондон на сослушувањето дали да биде предаден на САД поради обвининија за шпионажа.

Судот го отфрли барањето на адвокатот на Асанж за одложување на судското рочиште.

Процесот за екстрадиција на Асанж ќе продолжи во февруари 2020 година, како што беше закажано, откако судијката Ванеса Бараистер го одби барањето на неговите адвокати за тримесечна одложување, за да имаат повеќе време да се подготват за судење.

Асанж ја крена тупаницата во судницата, соочувајќи се со неговите приврзаници . Тој дојде на сослушувањето свежо избричен, што беше различно од изгледот со долга брада што ја имаше додека живееше во еквадорската амбасада.

Четириесет и осумгодишниот Асанж во САД е обвинет за 18 обвиненија, вклучително и заговор за пробивање на владин компјутер и кршење на законите за шпионажа. Ако биде осуден, би можел да помине неколку децении во затвор.

Австралиецот славеше на почетокот на 2010 година кога Викиликс објави класифицирано американско воено видео од нападот во 2007 година во кој десетици луѓе беа убиени од хеликоптерите „Апачи“ во Багдад, меѓу кои и двајца вработени во „Ројтерс“.

Бунтовниците го сметаат за херој кој открива злоупотреба на моќта на современите држави и симбол на слободата на говорот.

притисни ентер