Поради викендица на подарок, изгубено право на додаток за нега на трето лице

Викендица оставена во аманет од дедото причина за 39-годишната хендикепирана Сузана да остане без социјалните додатоци од околу 7500 денари - пари со кои го преживува месецот.

За овој проблем пред камерата на Канал 5 зборуваше нејзината мајка Драгица. Како што вели, добила писмо со кое ја известуваат дека повеќе не може да прима додаток за нега на трето лице. Вознемирена е бидејќи нема одговор на дилемата – како после триесет години и го одземале правото за единствениот приход поради подарена викендица.

„Таа викендица ја наследивме од свекор ми, не е наша. И се што имаме, и куќата во која живееме и уште една постара куќа – се е наследено од свекор ми. И сега на Труд и социјала им смета тоа што имаме викендица. Поради нејзе ми ги кинат сите права за детево што ги добивам. Ова јас го добивам ради нејзе. Не сум работела, немам стаж.“, вели Драгица Пешевска .

Макотрпните предизвици грижејќи се за својата болна ќерка од година в година се отежнувале, раскажува Драгица. И порано била повеќе пати во судир со институциите носејќи документи и потврди за хендикепот на Сузана. Ова не е прв пат да се укине помошта но, вели, прв пат како причина се наведува туѓ имот.

„Јас прво примав само додаток за нега, некаде откако Сузана наполни 10 години. И тоа ме тераа да ја носам на тројца доктори да установат дека детето ми е со хендикеп. И со повеќе потписи некако ја добивме негата. Од тогаш два или три пати ми ја кинеа помошта. Се сеќавам еднаш – зошто не сме биле дома.“ вели Драгица Пешевска .

Драгица дефинитивно ќе поднесе жалба, но вели решена е и за тужба. Сепак проблемите и натаму остануваат. Стравува дека поради ова ќе остане и без социјалната пензија за која неодамна поднела барање.

Малиот Јане Велковски се сретна со Дејвид Бекам

Mалиот Јане Велковски , кој ја претставува Македонија во Њујорк на Самитот на Обединетите нации за детските права.

Големиот навивач на македонската фудбалска репрезентација имаше прилика и да се сретне со славниот фудбалер Дејвид Бекам , кој одржа говор како амбасадор на УНИЦЕФ.

Јане стана вистински симбол за истрајност во борбата со реткото заболување спинална мускулна атрофија. Јане има 11 години и сонува еден да игра фудбал.

За прв пат НАСА најде шеќери во метеоритите

Меѓународен тим  научници во метеорити пронајде шеќери неопходни за настанување на живот.

Овој наод ја поддржува хипотезата дека хемиските реакции на астероидите, матичните тела на многу метеорити, создаваат витални состојки за живот, и дека метеоритите на Земјата и пренеле елементи потребни за да се појават животот, пренесува НАСА.

Екипа на планетарни научници откриле рибоза и други шеќери, вклучително и арабиноза и ксилоза на два метеорити. Рибозата е клучна компонента на молекулата на РНК (рибонуклеинска киселина) која ги копира генетските инструкции од молекулата на ДНК (дезоксирибонуклеинска киселина) и ги доставува до рибозомите кои ги читаат за да изградат специфични протеини потребни за да се одвиваат биолошките процеси.

„Претходно во метеоритите, најдовме други важни градежни елементи за живот, вклучително аминокиселини и нуклеобази. Но, недостасуваше шеќери, кои се неопходни елементи за создавање на процесите на живот“, изјави научникот Џошихиро Фурукава од јапонскиот универзитет Тохоку.

"Оваа најнова студија го дава првиот директен доказ за присуство на рибоза во вселената, односноно на метеоритите. Вонземскиот шеќер можел да придонесе за формирање на РНК на Земјата или појава на живот", додаде тој.

Научниците сега планираат да анализираат уште поголем број метеорити за да добијат поголем увид во количината и преносот на шеќер на овие вселенски тела.

Франција во шок- Кучиња до смрт изгризале бремена жена (ВИДЕО)

Безживотно тело на бремена жена е пронајдено во шума во близина на францускиот град Вилерс-Котеретс, која била изгризана до смрт додека ги шетала своите пет кучиња.

Според полициската истрага, бремената Елиса Пиларски (29) била убиена од кучиња за време на организиран лов на елени во шума во северна Франција. На нејзиното тело се утврдени неколку фатални каснувања на горните и долните екстремитети и на главата.

Полицијата тестирала 93 кучиња и отворила истрага за убиство. Тестовите ќе се споредат со примероците на ДНК земени од телото на Елиса Пиларски за да се утврди кои животни ја нападнале и ја изгризале до смрт.

Тестирани се и петте кучиња кои припаѓаат на убиената бремена жена, која била во шести месец на бременост.

Елиса пред да биде изгризана до смрт во саботата, му пратила порака на телефон на нејзиниот партнер  изразувајќи загриженост дека може да биде нападната од чопор кучиња. Тој, кога видел дека Елиза не се вратила,  се упатил кон шеталиштето каде го пронашол нејзиното тело. Тој, наводно, ги следел вознемирените крици на нејзините кучиња.

Младата двојка живеела во куќа близу шумата, а откако е пронајдено безживотно тело, партнерот на Елиса побарал помош од сосед, кој повикал полиција.

Чопорот кучиња ловеле елени во истата шума во саботата, пренесува Ле Куриер Пикард.

Ангела Ван Ден Берг, која го организирала ловот , потврди дека бил организиран во шумата во саботата, но, смета дека трагичниот настан немал никаква врска со нивните кучиња или ловот.

Француската актерка Брижит Бардо, истакната активистка за правата на животните, ги повика француските власти да ги укинат сите дозволи за лов оваа сезона што е можно поскоро. Француското ловечко здружение инсистира на тоа дека нема докази дека ловечките кучиња се одговорни за  смртта на бремената жена.

притисни ентер