Средношколец од Прилеп измисли медицински шприц уникатен во светски рамки

Повеќе коморен 100 посто безбеден и ефикасен Јандреев медицински шприц синоќа беше промовиран пред здравствени работници,граѓани и ветеринари од земјава.

Иновацијата е на 16 годишниот Сашо Јандрески ученик во втора година во прилепската гимназија Мирче Ацев.

На проектот со неколкумина професори експерти од Министерството за здравство и Медицинскиот факултет во Скопје, Јандрески работел 8 месеци.

Како волонтер во итната медицинска помош и црвениот крст овој млад генијалец дошол до идеја наместо стандардниот со мека еко и брзо разгадлива пластика да направи шприц кој целосно ги заштитува пациентите и медицинскиот персонал од хепатитите  Б и Ц и ХИВ вирусот.

-Со овој нов модел на шприц, здравствените работници целосно се заштитени од каква било зараза од Хепатит Б и Ц при давањето терапија. Заштитени се и ветеринарите, фармацевтите, лаборантите. Самиот шприц е достапен во два вида: од обична и од биоразградувачка пластика. Од тој аспект мислевме на заштитата на животната средина, па професорката по биологија Наташа Милеска Михајлоска од прилепското основно училиште „Климент Охридски" каде учев,  со мене неуморно работеше на сите истражувања, објаснува Јандрески.

Овој медицински шприц прв од ваков вид во светот  брзо, лесно и прецизно без проблеми би се користел и  во возилата на итната медицинска помош кога со голема брзина пренесуваат пациент кој се бори за живот но и во ургентните центри. Зашто со иновациите овозможува од најбрзата постапката за давање на лекот од минути а 20 секунди да се намали на 40 секунди со 100 постотна прецизност.

-Шприцот е компактибилен за секаков вид терапии: дермална, епидермална, мускулна и интравенозна.По инјектирањето на лекот, иглата се повлекува и навлегува во волуменската капсула, доаѓа до блокаторот кој го блокира целиот шприц. Шприцот е само за една употреба. За шприцот дојдов на идејата волонтирајќи во Службата за итна медицинска помош и во прилепската болница „Борка Талески" на педијатриското одделение. Идејата е да ги заштитам здравствените работници од Хепатит Б и Ц. Функционира под дејство на ротацијата на притисочната рачка.  Моето мото е дека иднината е во сите нас, сите да бидеме креативни, да создадеме нешто подобро за нашата држава, за целото општество, за целиот свет, вели Јандрески.

Новиот медицински шприц со посебни комори за иглата, за дезинфекционо средство и лекот има друга форма истиот е  патениран  е за еднократна употреба. А според првични информации за негова изработка  има интерес од странски компании .

Драстична промена: Тања Савиќ стана русокоса

Пеачката Тања Савиќ од почетокот на својата кариера не експериментираше многу со својот изглед.

Таа е препознатлива по својата црна коса, меѓутоа пеачката на социјалните мрежи покажа каква промена направила.

-Драги мои, сакам да ја најавам долго очекуваната песна. Доаѓа песна која ќе го растопи и најтврдото срце. Спотот само што не е завршен, до тогаш уживајте во фотографиите. Очекувајте нешто сосема поинакво од она што до сега сум го работела, порача Тања.

Нејзините фанови се воодушевени од новиот изглед.

Фото: Северина има иста чанта како Меган Маркл

Северина овој викенд објави фотографии од Монте Карло каде што отпатувала со својот сопруг Игор.

Хрватската пеачка изненади многумина со својот стајлинг на последните фотографии.

На фотографиите се гледа скапоцена кожна чанта од уругвајската дизајнерка Габриела Хеарс  каква што има и војводката Меган.

Оваа чанта чини околу 1800 евра.

Јагуар претстави седишта кои симулираат одење

Голем број на возачи по долго патување чувствуваат болка во лумбалниот дел од рбетот и рамената.

Експертите советуваат почести паузи за време на подолгите патувања, за да се избегнат воспалувања и повреди кои настануваат поради неудобно седење.

Конструкторите од компанијата Јагуар осмислија нов тип на автомобилско седиште. Иновативниот производ симулира движења  слични на оние кои настануваат кога одиме.

Седиштето моментално се тестира во одделна компанија задолжена за производство на ентериер на возила.

За време на возењето ова седиште се помрднува и создава вибрации кои симулираат чекорење. Со тоа се намалува здравствениот ризик од долго седење зад воланот. Седиштето се прилагодува на анатомијата на телото на секој возач и патник.

Според податоците од Светската здравствена организација, повеќе од една четвртина од луѓето на планетата поминуваат премногу време во седечка положба. Тоа предизвикува сериозни оштетувања на мускулите на нозете, деформирање на колковите и рбетот. Професионалните возачи се посебно загрозени, затоа што работниот ден го проаѓаат зад волан во подолги временски интервали.

Компанијата Јагуар со своите иновации сака да го унапреди здравјето на своите купувачи.

притисни ентер