МД „Илинден"-Тирана почна кампања „Главата горе-изјасни се дека си Македонец"

 Како дел од зацртаните активности за зачувување на македонскиот национален идентитет, македонското друштво „Илинден"-Тирана започна медиумска кампања за подигање на свеста кај Македоците во Албанија да се изјаснат тоа што се.

-Кампањата е под мотото „Горе главата – изјасни се дека си Македонец". Сакаме да ја подигнеме свеста кај Македоците да се изјаснат она што единствено се, Македонци. Не има насекаде низ Албанија. Главно сме концентирани во областите Мала Преспа, Гора, Голо Брдо, но со по неколку десетина илјади не има и во Тирана, Елбасан, Драч, Корча и во други градови, вели Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Тој посочува дека албанските власти признаваат постоење на македонско малцинство само на Македонците во Мала Преспа.

– Но и тие доколку решат да живеат надвор од Преспа го губат тоа право. И покрај барањата во континуитет по падот на тоталитарниот режим, се уште на Македонците не им се признава статус на малцинство на целата територија на Албанија. Но,без оглед на тоа многу меѓу Македонците чувствуваат и страв и не се изјаснуваат она што се. Буквално се плашат да кажат дека се Македонци, за да не бидат санкционирани, посебно оние кои работат или добиваат некаква социјална помош, додава Ѓурѓај.

Кампањата е на три јазици, македонски, албански и англиски јазик, додава тој и нагласува дека освен во електронското издание на весникот „Илинден" ќе биде и на други медиуми во Албанија.

Освен што ги повикуваме да се изјаснат слободно тоа што се, нагласува Ѓурѓај, ќе работиме и на зачувувањето на нашиот идентитетот, културата, традициите, историјата и обичаите.

Инаку, според македонските друштва во Албанија живеат од 120.000 до 150.000 Македонци.

(20.25 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 30% : Силјановска 109692 , Пендаровски 48553 гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 30,23 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 109.692 гласа или 45%.

На второ место е Стево Пендаровски со 48.553 гласа, односно 19.92 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 28547 гласа или 11,71 % , Максим Димитриевски 19227 гласа или 7,89% , Арбен Таравари 18432 гласа или 7,56 % , Билјана Ванковска 11.033 гласа или 4,53 % и Стевчо Јакимовски 2482 или 1,02%.

Тошковски: Изборниот ден помина во мирна и демократска атмосфера

Изјава за медиуми на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Ужас во Германија: Четири девојчиња со часови злоставувале глуво девојче во подрум

Криминалистичката полиција во Дрезден спроведе истрага против четири девојчиња на возраст од 12 до 17 години поради сомнение дека злоставувале 13-годишно глуво девојче.

Според германските медиуми, осомничените се државјанки на Украина, кои дошле во Германија кога започнала војната во нивната земја, објави Билд.

Тие се товарат за „противправно лишување од слобода на лице и нанесување тешка телесна повреда“, изјави портпаролот на полицијата Марко Ласке.

Злосторството се случило во близина на парк во Мајсен, во близина на светски познатата фабрика за порцелан во Мајсен. Паркот има игралиште, споменик на жртвите на фашизмот и клупа, а таму често престојуваат голем број луѓе.

Четири девојчиња се осомничени дека во саботата наутро во паркот пресретнале глуво девојче (13) од Словачка, кое минувало низ паркот.

Девојчето поради глувоста не можела да се договори со нив, по што следел ужасот.

„Девојките се осомничени дека го однеле детето во подрумот на блиската опустошена зграда спроти паркот. Таму ја врзале и ја мачеле неколку часа“, изјавил портпаролот на полицијата.

Се претпоставува дека девојчињата цело време го тепале детето, а наводно ѝ нанеле повреди со дрвени и метални шипки.

Глувото девојче го ослободиле дури околу 14 часот, кога успеало да избега. Детето истрчало директно во полиција, а при преглед лекарите констатирале физички повреди.

Девојките биле фатени во близина на местото на злосторството, а полицијата им ги одзела телефоните за да провери дали го снимале нападот.

Мотивот за ваквото брутално насилство не е познат. Жртвата не била ограбена.

Полицијата соопшти дека истрагата се уште е во тек.

притисни ентер