Иран најави уништување на секој агресор и на секоја ограничена агресија

Иран ќе го протера  секој агресор, дури и ако изврши ограничен напад, ќе го најде и ќе го уништи, изјави шефот на иранската револуционерна гарда Хусеин Салами.

Бидете внимателни, ограничената агресија нема да остане ограничена . Ќе следи казна а ќе продолжиме до конечно уништување на било кој агресор, порача шефот на иранската револуционерна гарда.

Израелскиот парламент бара кандидат за нов премиер, ќе има ли трети избори?

Израелскиот претседател Реувен Ривлин му даде задача на израелскиот парламент да најде кандидат за нов премиер и да ја извади земјата од политичката блокада без преседан во историјата на оваа земја.

Воедно парламентот ќе треба да избегне одржување на трети избори за помалку од една година.За прв пат во историјата на Израел, рече Ривлин, ниту еден кандидат не можел да формира влада од изборите на 17 септември, во кои ниту Бенџамин Нетанјаху ниту Бени Ганц не освоија мнозинство.

Според тоа, Ривлин денес му доверил задача на претседателот на парламентот Јули-Јоел Еделштајн да најде мандатар за формирање нова влада.

Тој ја презеде задачата во име на парламентот, кој има 21 ден, до 11 декември, да му достави на Ривлин документ потпишан од најмалку 61 пратеник кои поддржуваат еден од неговите колеги како нов премиер.

,,Ова е со цел да избегнеме одржување на трети избори за помалку од една година, откако изборите во април и септември не доведоа до формирање на влада.”

Избраниот кандидат ќе има 14 дена да формира влада. Ако никој не успее да обезбеди доволно поддршка, парламентот ќе биде распуштен и најверојатно ќе се одржат нови избори, веројатно во март.

Пратениците повторно може да mu ја доверат оваа должност или на Нетанјаху или на Ганц, што ќе доведе до нови тешки преговори.

Нетанјаху денеска повторно го повика Ганц за директни преговори, без никакви услови. „Треба да направиме конечен напор за заедно да формираме влада на национално единство“, рече тој.

Сите очи сега се на јавниот обвинител Авичаи Манделблит, кој треба да одлучи дали ќе го обвини Нетанјаху во аферата за измама, злоупотреба на довербата и корупција.

Имено, Нетанјаху не може да биде на функција ако треба да одговара пред суд, а Ганц во тој случај не сака да ја дели власта со него.

Поранешните вработени од „Охис” на мирен протест против фирмата што го чисти хемискиот отпад

Екоцентар 97 ќе продолжи да го чисти хемискиот отпад од Охис уште 4 месеци. Поголемиот дел од доверителите на денешното Собрание дале амин фирмата да продолжи со работа.

Иако бившите вработени денеска преку мирен протест, побараа тоа да не се дозволи, бидејќи фирмата не успеала да ја заврши работата.  Бараа парите кои ги добила Екоцентар 97 да се вратат. Станува збор за околу 2 милиони евра, пари кои се доволни за исплата на годишна плата за илјада охисовци.

И покрај наши дека е противзаконски, односно спротивно на член 4 од основен договор, каде точно се наведува дека може да се продолжи со анекс на договорот, односно само во виша сила, што не беше случај во оваа ситуација.“

„Сами си назначија рок дека ќе дислоцираат и но штом не е направено значи не се професионални..

Може да се каже фирмата сметаме дека не е професионална толку за вакви хемиски дејанија, а нас не чуди незавршена работа, а пари им се префрлени, мислиме дека треба да вратат и да влезат во стечајна маса и да се поделат на бившите вработени...“

Последниов период Охис често е во фокусот на јавноста, особено по инцидентот кој се случи пред извеен период кога се излеа вода со која се чистел метил акрилатот.

Надлежните дури и ги отворија портите на Охис, со цел да уверат дека нема простор за паника.

И Владата и претставници од правосудството се за спроведување на процесот на ветинг

Правосудните претставници немаат бпротив ветингот но тој да не се прави набрзина и без дополнителни механизми во текот на проверката. 

Власта ги оцртува контурите на ветингот во правосудството, судиите и обвинителите не се противат на идејата но велат овој процес мора да се спроведе внимателно и согласно меѓународните стандарди. Постои Министерката за правда вели ветингот не би го извршувал извршната власта, туку експертска комисија.

„Ветингот не го спроведува извршната власт, туку на експертско ниво мешовита комисија, во која што во многу земји учествуваат и меѓународни претставници како гарантори на процесот. Останувам на ставот дека е многу побитно да имате чесни и професионални судии и обвинители, отколку да ги има а да не си ја вршат работата како што треба. Тие носат поголема штета, отколку што би било забележано како штета нивното отсуство во судство“, рече Дескоска.

Министерката е убедена дека чесните судии и обвинители не треба да се плашат од злоупотреби при спроведување на ветингот. Дека ветингот е потребен процес во земјава, истакнува и претседателот на ДУИ.

И судиите и обвинителите порачуваат дека не се против да се провери нивната работа, по порачуваат дека процесот мора да биде добро осмислен и да не се претвори во мешање на извршната во правосудната власт.

„Ветингот може да има и позитивни и негативни страни треба да се внимава да не преставува начин на опструкција на правдата поради недоволниот број на судии со кои би се пополниле испразнетите. Да се создадат добри услови за да може да се имплементира да се зајакнат капацитетите на академијата од каде ние регрутираме судии. Тоа се две зла со ветингот треба да се одбере помалото зло за граѓаните“, вели претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев.

Откако пред една недела се спротивстави на спроведување ветинг со аргумент дека и онака има малку обвинители, сега претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски се согласува со ваков процес, но вели ветингот треба да резултира со подобрување на состојбите во правосудстовото, а не со нивно влошување.

притисни ентер