Нови ликовни творби мотивирани од преспанската убавина

Преспа ја задржува традицијата на истакнување на нејзините убавини преку ликовната уметност. 

Во Претор, на Преспанското Езеро, се одржува ликовната работилница на која уметниците ќе ги пресликаат нивните визии на платно. На дводневната ликовна работилница учествуваат осум истакнати ликовни уметници од целата земја, како и 18 членови на здружението „Преспа арт" од Ресен.

-Да се наслика природата и убавината на Преспа е предизвик за секој уметник. Посебно задоволство за мене е да твориме заедно со колегата Темков и останатите, но и да согледаме како младите уметници од Преспа арт, со нивните визии, гледаат на ликовната уметност, рече ликовниот уметник од Битола, Драган Најдовски-Најдо.

Креативноста на ликовните уметници ќе биде изложена за јавноста на посебна изложба, која ќе се одржи во рамките на празнувањата на 11 октомври. Организатор на оваа ликовна работилница е Домот на културата „Драги Тозија" од Ресен.

-Веќе по традиција Домот на културата „Драги Тозија" е организатор на оваа ликовна работилница, од која до сега произлегле воодушевувачки ликовни дела. Крајна цел на оваа работилница е да се мотивираат уметниците и да творат што повеќе, а нивниот труд да биде вреднуван од јавноста. Голем дел од насликаните дела во изминатите години, веќе красат нечии домови, па верувам дека така ќе биде и оваа година, истакна директорот Васко Василевски.

Ликовната работилница се одржува под покровителство на Општина Ресен, а градоначалникот Живко Гошаревски ги посети уметниците во Претор.

-Општина Ресен ја подддржува оваа работилница, која за нас има особено значење од повеќе аспекти. Првенствено, тука ги промовираме и мотивираме да творат локалните уметници, чии дела ќе бидат претставени пред јавноста. Исто така, можноста да научат нешто повеќе од искусните уметници им дава нова димензија во нивната креативност, посочи градоначалникот Гошаревски.

Во рамките на дводневната ликовна работилница, уметниците денес ќе го посетат Сливничкиот манастир, посветен на празникот Мала Богородица.

Вработените во културните институции почнаа со протести

На денешниот протест беа присутни и вработени во културата од други градови, а поддршка добија и од други синдикални организации.

Како што најавија, вработените во културните институции и денеска повторно излегоа на протест пред Министерството за култура поради неисплата на мартовските плати на над 3000 вработени, а обвинуваат дека нема да го добијат и зголемувањето од 12% кое им следи согласно колективниот договор. Од Синдикатот на култура велат дека иако вчера имале средба со претставници од Министерството за финансии, таму не бил постигнат никаков договор, а најавија секојдневни протести пред Минстерството за култура до исполнување на нивните барања.

-Не убедуваа дека нас во овој момент не ни следува покачување согласно колективниот договор, бидејки ние во септември минатата година сме добиле 10% покачување од општиот колективен договор. Порачуваме на Министерството за финансии и на Министерството за култура ако ја направило грешката и не предвидело пари во буџетот согласно Колективниот договор за култура тоа да го стори и на овие луѓе овде да им исплати плата и здравствено осигурување во најбрз можен рок.- Вера Атанасовска – претседателка на синдикатот на култура

На денешниот протест беа присутни и вработени во културата од други градови, а поддршка добија и од други синдикални организации.

Вчера и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на вонредна седница најави и отпочнување на процедура за генерален штрајк во сите установи во дејноста култура, доколку не се реши нивниот проблем.

Пред две недели од Министерството за култура кажаа дека нема промени во општиот колективен договор, ниту во колективниот договор на Синдикатот за култура. Единствена промена била внесувањето на минималната плата во диспозитивот на договорот.

„Водостопанство“ бара пари од владата за плати и одржување на каналите

Без плата, одиме на штрајк. Менаџментот толерира четири општини да не плаќаат снабдување со вода, а ние едвај крпиме месец со месец.

Ова го порачаа вработените од АД Водостопанство на Македонија, кои излегоа на мирен протест, бидејќи се уште не ја добиле мартовската плата.

Разочарани се што, и покрај тоа што вработените во ова препријатие, како што велат, си ја извршуваат својата работа, но за тоа веќе не добиваат ништо. Тие се пожалија дека, иако побарале средба во Владата, досега не добиле никакво известување.

Од Синдикатот додадоа дека целата оваа ситуација може да предизвика поголеми проблеми за 30 илјади земјоделски семејства, кои можат да останат без водоснабдување.

Како што додадоа синдикаците од Водостопанство, граѓани од Куманово, Струмица, Тетово и Кавадарци повеќе години не плаќале снабдување со вода со што, како што додадоа од синдикатот, направиле штета врз претпријатието до 240 милиони денари.

Синдикатот на Водостопанство порача дека доколку не се решат нивните финансиски проблеми, ќе излезат на генерален штрајк во блиска иднина.

Уставниот суд на Хрватска пресече: Милановиќ не може да биде мандатар, ниту премиер

Уставниот суд на Хрватска одржа вонредна седница за изборот и ангажманот на претседателот Зоран Милановиќ во предизборната кампања.

„На 18 март, Уставниот суд го предупреди Милановиќ дека неговата кандидатура на листата на која било партија или листи и неговата номинација за кандидат за премиер е некомпатибилна со неговите овластувања како претседател. Тој беше предупреден дека мора да поднесе оставка доколку одлучи да се кандидира. Уставниот суд ги покани претседателот и СДП да престанат со активностите што се спротивни на Уставот“, рече на почетокот претседателот на Уставниот суд Мирослав Шепаровиќ.

Уставниот суд утврдува дека СДП постапила според предупредувањето на Уставниот суд, рече Шепаровиќ.

„Милановиќ го прекрши Уставот, не само што не ја почитуваше одлуката на Уставниот суд, туку се стави во позиција на учесник на изборите“, додава тој.

„Во текот на целата кампања постапуваше спротивно на Уставот“, велат оттаму, пренесува Индекс.

„Уставниот суд утврдува дека претседателот на републиката со своите изјави, без претходно да поднесе оставка, се стави во ситуација да не може да биде мандатар или премиер“, рече Шепаровиќ.

Тој додаде дека секој е должен да го почитува Уставот и законот.

„Уставот е пред сѐ. Претседателот навреме беше предупреден дека може да учествува во кампањата, но дека мора да поднесе оставка. Сега е готово. Тој повеќе не може да биде мандатар“, рече Шепаровиќ.

притисни ентер