Сончево со температура до 25 степени

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и свежо со ниски утрински температури и со слаб до умерен југоисточен ветер.

 Минималната температура ќе се спушти меѓу -1 и 9, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје сончево со слаб претежно северен ветер. и температура од 4 до 22  степени.

Според УХМР за време на викендов времето ќе биде стабилно, до понеделник со ниски утрински температури. Во понеделник попладне и во вторник ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

притисни ентер