Трамп одобрил разместување на американска војска во Саудиска Арабија

Претседателот на САД Доналд Трамп  по нападот на нафтената постројка, одобрил разместување на американски војници во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати

Според Ројтерс целтата на распределбата на американските трупи е од одбранбен карактер. Американските сили пред се ќе биле концетрирани на воздушната одбрана и одбраната од ракетни напади, соопштил Пентагон.

Инаку, за нападот со дрон на нафтената постројка во Саудиска Арабија изведен на 14 септември одговорноста ја презеде терористичката група Хути од Јемен, но САД за нападот упорно го обвинува Иран.

притисни ентер