Носителот на листата во ИЕ 3 од Левица Мрмов најави од Делчево поголема заштита на работничките права

Носителот на листата во ИЕ 3 од Левица, Борислав Мрмов денеска при посетата на своето членство и граѓаните на Делчево по претсојното, како што рече, влегување на Левица во парламент најави поголема поддршка за работничките права.

– Во Делчево, како и во другите градови, најголем проблем е иселувањето, градот живурка економски освен што малку има земјоделие, тука главна индустрија е текстилната, каде најчесто се кршат работничките права. Сопствениците на фабриките буквално се изживуваат врз работниците, а сето тоа се случува под носот на локалните власти и дежурниот инспекторат. Левица како единствена работничка партија која концептот го базира исклучиво на трудот, не на капиталот, имаме повеќе ставки за работничките права, меѓу нив е и враќање на породилното отсуство од 12 на 9 месеци, рече Мрмов во својата изјава.

Додаде дека Левица ќе се залага по завршувањето на породилното отсуство бремените жени да не се враќаат на работа порано од шест месеци.

– Сега бремените жени се враќаат на работа по 45 дена, а исто така имаме ставка за работничките со новороденче до три години, да важи флексибилно работно време и да важи апсолутна забрана за откази за бремени работнички, за време додека се во активен работен однос на работа, додаде Крмов од Делчево.

Во рамки на посетата на Делчево тие го посетија градскиот пазар каде поделија брошури со дел од понудата за претстојните избори. /МИА

Жестока предизборна кампања, програми, ветувања, црна кампања зачинета со „бомби“

Полека но сигурно се вжештува предизборната реторика, во која освен изборните ветувања партиите мегусебно разменуваат и мегусебни критики и обвинувања како за економијата, така и за националните прашања.. 

Црна кампања со меѓусебни обвинувања, манипулации и застарени националистички чувства наместо реално остварливи проекти и ветувања за подобрување на животот на граѓаните. Вака аналитичарите Тодор Пендаров и Агим Јонуз ја оценуваат досегашната предизборна кампања на партиите. Според нив секојдневното објавување на т.н „бомби“ за функционери од власта и опозицијата нема да извлијае врз определбата на гласачите, а голиот популизам што го продаваат партиите е на штета на граѓаните.

,, Имаме една апсолутно безпредметна кампања во која што никој тоа што ќе го вети не може да го оствари од многу проста причина што живееме во време на апсолитна неизвесност за тоа што не очекува утре, во време на коронавирус. Она што сите ние го голтаме како кампања сметам дека е нешто што 30 години не труе, а тоа е голиот популизам, оценува Агим Јонуз. Обвинувањата се тешки и манипулативни. ВМРО_ДПМНЕ во својата програма се фали дека нуди најразлични илјада проекти. Од друга страна СДСМ истото го прави. Сега се поставува прашањето ако ни е ваква економската состојба, и буџетот е во лоша состојба, од каде пари за такви проекти. Разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во суштина нема, смета Тодор Пендаров.

Инсистирањето на ДУИ за прв премиер Албанец, за двајцата аналитичари Пендаров и Јонуз, е играње на националистичка карта во отсуство на реални идеи, во период кога на интегративците им опаѓа поддршката. Како смешна ја оценуваат изјавата на Ахмети дека Гоце Делчев носел кече кога им се обраќал на Албанците.

,, Навистина е смешна изјавата дека Гоце Делчев носел кече. Она што ми се допаѓа е дека многу албански историчари кои си ја ценат науката тоа го негираа. Кои ја ставаат науката над се, а не политиката, вели Пендаров. Лично сметам дека целата кампања е еден гол циркуз, оценува Јонуз.

Очекувањата на аналитичарите се дека до самиот крај на кампањата реториката на политичарите ќе остане негативна, без драстични промени .

Спасовски: Ние градиме инфраструктура, институции, држава градиме, а режимот правеше системски дупки рушеше и крадеше, тоа нема да дозволиме да го обнови

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, денеска е на средби со граѓани, пазарџии, купувачи, пензионери, во скопската Општина Ѓорче Петров, се наведува во соопштението на СДСМ.

На средбите со граѓаните од различни општествени сфери тој нагласи дека само во ИЕ 2 е инвестирано во 159 километри рехабилитирани и нови патишта, плус водоводи, канализации, болници, градинки.

„Ние градиме инфраструктура, градиме институции, држава градиме по европски стандарди, додека претходниот режимски систем правеше системски дупки, рушеше и крадеше. Станавме членка на НАТО. Со процесот на евроинтеграциите градиме мостови и ние да можеме да одиме кон Европа и Европа да ја донесеме, во секој поглед – тука, дома", рече Спасовски.

„Мисајловски не изгради во свое Ѓорче додека беше министер во Владата на режимот, ниту крена глас зошто им ставаат на луѓето стиропор и ги оставаат во кал додека градат со мермер во својата Бела палата, а сега ќе кажува за некаква обнова тука во Ѓорче Петров или во Куманово и слично. Тој сака обнова на режимот, но тоа е минато. Градиме сигурна европска иднина и тоа продолжува со побрзо темпо и по 15 јули", рече Спасовски.

На средбата со пензионерите тој најави повисоки пензии, како што ќе растат платите во државава, што е овозможено со стабилизацијата на Пензискиот фонд.

„Власта на ВМРО-ДПМНЕ остави огромна дупка во Пензискиот фонд, затоа што крадеа, а пензиите ги исплаќаа од кредити. Ние градиме стабилни институции. Го стабилизиравме Пензискиот фонд којшто беше во долгови и обезбедивме сигурни пензии за сегашните пензионери и за идните пензионери. Реформата во пензискиот систем се спроведува врз основа на темелни анализи и на реален раст на економијата, а не на политички, моментални решенија. Дефицитот во Фондот e намален за 3.7 милијарди денари, без радикални мерки како замрзнување на пензии или зголемување на старосната граница за пензионирање. Видовте и за време на здравствената криза дури и предвреме се исплатуваа пензиите. Сите пензионери, 324.000, од јануари добиваат месечно зголемување од 722 денари што е најголемо покачување на пензиите во последните 12 години. Бидејќи висината на пензиите е поврзана со растот на платите, а нашата цел е натамошен раст на платите, тоа значи и раст и на пензиите. Ќе има минимална пензија од најмалку 10.700 денари и раст на пензиите, а најмалите ќе се зголемат за најмалку 21 процент", рече Спасовски.

Со купувачите и пазарџиите тој зборуваше за покачувањето на животниот стандард преку повисоки плати и зголемување на потрошувачката.

„Минималната плата ја покачивме на 14.500 денари и ќе биде 20.000 денари, а во време на претходната власт беше 9.000 денари. Просечната плата од 22.300 денари колку што ја затекнавме, ја покачивме на 27.500 денари, а ќе биде 34.000 денари до крајот на мандатот. Гласот за да продолжиме напред на изборите на 15 јули е глас за изградба стабилна држава во којашто сакаат да инвестираат домашните и странските инвеститори. Тоа значи да се гради сигурна иднина. Затоа најавуваме со право брза развојна економија. Ќе ги помогнеме домашните и странските инвеститори со 600 милиони евра. Најавуваме и една милијарда евра странски инвестиции. Тоа обновен режим не може да го овозможи, затоа ВМРО-ДПМНЕ не е опција. Опција е да продолжиме по правиот евроатлански пат кон сигурна иднина, можеме и повеќе и подобро", рече Спасовски на средбите во Ѓорче Петров.

притисни ентер