Пристигнува Рено Каптур хибрид со автономија на струја од 50 км

Каптур хибридниот систем ќе користи бензински мотор од 90 коњски сили и електромотор.

Кога пред неколку месеци од Рено ја претставија новата генерација на Каптур, најавија и хибридна верзија. Францускиот произведувач тогаш не откри конкретни технички детали за ова возило, но сега се појавија нови информации за неговиот погонски систем.

Од „Automobile Magazine“  тврдат дека овој новитет во погонот на Каптур, ќе користи комбинација од 1.0 литарски бензински мотор од 90 коњски сили и електромотор со јачина од 70 коњски сили. Со комбинирана моќ од 160 коњски сили, хибридниот Каптур ќе биде мошне интересен за возење.

Уште поважно е дека, Каптур на купувачите ќе им понуди и задоволувачка автономија на струја. Се тврди дека вградената батерија во овој модел би имала автономија од 45 до 50 км. Во возењето само на електричен погон, брзината ќе биде ограничена на 135 км/ч.

Планирано е овој модел да пристигне на пазарот во 2020.

притисни ентер