Младите штипски уролози работат на современи оперативни зафати

 Новата апартура за уролошкото одделение во штипската Клиничка болница е ставена во функција.

Директорот на Болницата, Ален Ѓеорѓијев денеска на прес-конференција рече дека двајцата млади специјалисти уролози, Благој Здравев и Влатко Филипов, веќе имаат реализирано 14 операции на простата и мочен меур.

-Ваквите операции во болницата се извршувале пред 15 години со стара апартура, а денеска веќе имаме нова што им овозможува на нашите пациенти да се извршува побрзо и со помала болка. Пациентите по три дена поминати тука се работоспособни, а ваквите операции им заштедуваат и средства зашто не мора да патуваат во Скопје, истакна Ѓеорѓијев.

Истиот тим уролози со новата апаратура веќе извршиле и 40 операции на канцер на бубрези, бешика и простата. Апаратите на Одделението за урологија беа набавени лани од сопствени средства на Клиничка болница. 

притисни ентер