Пораките на бугарскиот претседател Радев опасни и непотребни – сметаат дел од експертите

Од класична уцена, преку дипломатски блеф до купување внатрешно - политички поени, контроверзната изјава на бугарскиот претседател Радев различно ја толкуваат дел од поранешните дипломати.

За екс амбасадорот Нано Ружин пораката не е единствената позиција на Бугарија и е резултат на лошата кохабитација меѓу Радев и премиерот Борисов.

-Изјавата на Радев е ирационална зашто толку отворени прашања не можат да се решат за толку кусо време. Изјавата има и политичка заднина, во престер на локалните избори во Бугарија, вели Ружин.

За поранешниот амбасадор Ристо Никовски, пак, се работи за класичен притисок во пресрет на очекуваниот датум за преговори во октомври, но и своевидно продолжение на неговиот претходник Плевнелиев дека Македонија може во ЕУ, но не и македонизмот.

-Тој уште во јуни кажа кои се црвените линии на Софија, а истото го кажа и министерката за надворешни работи, Захариева, вели Ристо Никовски, екс амбасадор

Од македонскиот тим на комисијата денеска не сакаа да го коментираат ултиматумот на Радев, кој даде 30 дена да се затворат сите отворени прашања, зашто како што рече, во спротивно, бугарските позиции ќе станат услови за членството на Македонија во Унијата. И Никовски и Ружин се согласни дека македонските историчари сега се под силен притисок, но оти не смеат да подглегнат на атмосферата.

Пораката на Радев следуваше неколку дена откако пропадна седмата средба на мешовитата Комисија, за која не беше направен никаков напредок ниту за Гоце Делчев, ниту за прашањата од средниот век во учебниците.

Во Струга и Вевчани навреме отворени сите избирачки места

Сите 101 избирачко место за првиот круг од претседателските избори во општина Струга утрово беа отворени во 7 часот, потврди за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.

- Гласањето почна навреме и во трите избирачки места во општина Вевчани, информира претседателката Менка Кукоска.

Гласањето, според претседателите на изборните комисии, во двете општини се одвива непречено, без никакви проблеми.

Во општина Струга во единствениот избирачки список регистрирани се 60.894 гласачи, од кои 132 болни и изнемоштени вчера го оствариле своето гласачко право, додека во Вевчани има 2.072 регистрирани гласачи, а четворица болни и изнемоштени гласале вчера. /МИА

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека социјалната апликација „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД, пренесе БТА.

Реј ја објави оваа изјава додека американскиот Конгрес се подготвува да гласа за легислативата за забрана на апликацијата.

-Апликацијата и припаѓа на кинеската компанија ByteDance, која „има обврски кон кинеската влада“, рече Реј во ексклузивно интервју за Ен-би-си Њуз.

-Кога се разгледува моќта, пристапот, технолошките способности и контролата што ги има ТикТок, Американците треба да се запрашаат што мислат за моќта, пристапот, можностите и контролата што ги има компанијата што е сопственик на ТикТок, кинеската влада и, на крајот, кинеските разузнавачки служби, посочува директорот на ФБИ.

Претставничкиот дом на САД во саботата одобри голем пакет помош за Украина, Израел и Тајван. Во рамките на овој пакет е содржан и ултиматумот во врска со „ByteDance“. Се очекува пакетот помош брзо да биде одобрен од Сенатот.

Американските власти тврдат дека ТикТок и овозможува на кинеската влада да шпионира и манипулира 170 милиони корисници во Соединетите држави. /МИА

ДИК: Немаме пријавено поголеми неправилности

Прес-конференција на Државната изборна комисија.

Од Државната изборна комисија велат дека досега нема пријавено погоелеми неправилности околу гласањето за првиот круг од претседателските избори. На неколку гласачки места се појавиле мали технички проблеми кои се решаваат во од.

Наредната прес конференција на ДИК е закажана за 13 и 30 часот, кога повторно ќе информираат за текот на гласањето.

притисни ентер